Барајќи го тато
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Барајќи го Тато | |
| Жанр | драма, теленовела |
|---|---|
| Создадена од | Енрике Торес |
| Настапуваат | Лици Маурисио Окман Алехандро Фелипе карла Петерсон |
| Најавна песна | "Amarte Asi" |
| Земја на потекло | Мексико САД |
| Јазик | шпански |
| Број на епизоди | 119 |
| Продукција | |
| Времетраење | 45 минути |
| Емитување | |
| Канал на емитување | Телемундо Аргос Продукција |
Барајќи го Тато е романтична теленовела која го раскажува животот на едно мало симпатично дете, чија најголема желба е да го пронајде неговиот татко. Оваа теленовела со својот шарм освои многу гледачи низ целиот свет. Серијата премиерно со прикажување во САД започнала во 2004 година, а по неколку месеци, веднаш се појавила и на меѓународниот пазар. Кај нас, серијата се емитуваше на А1 телевизија и стекна огромен успех од сите генерации.
Содржина |
Синопсис [уреди]
Маргарита и Игнасио се вљубиле на прв поглед, но нивната врска траела само еден ден и една ноќ, а резултат на тоа е малиот Фрихолито, роден меѓу вреќи со грав, поради што и го добива името Гравче. Од мали нозе детето покажува интелегенција и сосема ја разбира состојбата на мајка му, која работи за него. Тој и неговиот најдобар другар Тоњо постојано смислуваат детски палавости, а една случајна средба со неговиот биолошки татко, ќе ги ја измени неговата и судбината на неговата мајка. Фрихолито и Игнасио стануваат другари, а преку него, детето се запознава и со Дулсе, внуката на Игнасио, со која, во понатамошните случувања, ќе имаат многу згоди и незгоди. Маргарита и Игнасио повторно се среќаваат, но тој не памети која е таа, ниту пак дека имал врска со неа, но детето и неговиот изглед, ќе го натераат да дознае повеќе. Токму тоа ќе ја одреди и понатамошната судбина на Маргарита и Фрихолито. Единствен кој знае за постоењето на малиот Фрихолито е братот на Игнасио, Франциско, кој се плаши дека со тоа добил уште една конкуренција за наследството и ќе настојува мајката и детето да ги држи подалеку од семејството.
Улоги [уреди]
| Глумци | Ликови |
|---|---|
| Лици | Маргарита |
| Маурисио Окман | Игнасио |
| Алехандро Фелипе | Фрихолито |
| Роберто Матеос | Франциско |
| Карла Петерсон | Шантал |
| Марита Балестерос | Лукресија |
| Едгар Вивар | Дон Педро |
Барајќи го тато на Балканот [уреди]
Македонија: А1 Телевизија
Босна и Херцеговина: Хајат
Бугарија: бТВ
Србија: ФОКС Телевизија