Не давај се, Нина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Не давај се, Нина
Жанр комедија, драма
Создадена од Фернандо Гајтан
Настапуваат Лана Гојак
Роберт Курбаша
Филипа Бурне
Бојана Ординачев
Кристина Крепела
Земја на потекло  Хрватска
 Србија
 Босна и Херцеговина
Македонија Македонија
Јазик хрватски
Број на епизоди 52, за сега
Продукција
Времетраење 45 минути
Емитување
Канал на емитување РТЛ Телевизија
Период на прикажување 3 јануари, 2008 — 4 август, 2008
Официјална Веб-страница

Не давај се, Нина (хрватски: Ne daj se, Nina) е хрватска телевизиска серија, преработка на серијата Грдата Бети.

За серијата[уреди]

Серијата «Не давај се, Нина» снимана е по една од најуспешните колумбиски теленовели, «Грдата Бети» (Yo soy Betty, la Fea), од авторот Фернандо Гајтан, а има слична приказна со екстрапопуларната серија «La fea mas bella» (Грдата убавица) мексиканска серија со огромен број гледачи.

Оваа серија исто така ги следи односите во модната куќа и модното списание, светот на гламурот и празната убавина, реализирана е во продукција на РТЛ Телевизија во соработка со лиценцниот партнер, ФОКС Телевизија од Србија, како и балканските телевизии во Македонија и Босна и Херцеговина.

Серијата кај нас премиерно се прикажува на А1 телевизија.

Приказна[уреди]

Во светот на високата мода, убавината и парите се пресудни за успех. Во тој гламурозен свет, доаѓа главната хероина Нина Брлек, која не поседува ниту пари, ниту убавина, но е интелигентна, вредна и образувана личност.

Нина почнува да работи како асистентка на генералниот директор, брзо открива дека светот на гламур не е таков каков што го замислувала. На секој чекор се среќава со сплетки, остра конкуренција меѓу моделите, креаторите и челниците на компанијата. Најголема мака ќе и задават анорексичните манекенки кои ја имаат Нина како омилена тема на разговорот и мото како не треба да изгледа една девојка. Во првата сезона, Нина преку работното место, почнува и да учи се за модата, не само за работното место што го има. Нејзините предлози, често пати се прифатени од креаторите кои во Нина гледаат личност која добро го познава вкусот на обичниот народ. Нина се вљубува во Давид, човекот за кого работи, но ќе се соочи со жестока конкуренција во девојката Патриција, со која и конкурира за работното место.

Прва сезона[уреди]

Првата сезона се работи за: како Нина се вклопува во новото општество, нејзиното пријателство со Мартина, Сања и Корељка, непријателството со Патриција, љубовта кон Давид, лојалноста кон Давид, врската на Барбара и Давид, нивното раскинување, нивното повторно соединување, свадбата, проблемите на Патриција со парите, врската со Марко, врската со Жарко, омразата кон Нина, врската на Петар и Моника, отварањето на ВИП кафето на Моника, врската со Никола, работата на Алекс ос помош од Инес, врската со Рикардо, ривалството помеѓу Мартина и Никола, тајните на Сања да го заштити Виктор, нивната претпоставена афера, животот на Мира и Владо, заминувањето на Давор во Босна, Владо се вработува како возач кај Гловатцки и др.

Не давај се, Нина на Балканот[уреди]

Хрватска: РТЛ Телевизија
Македонија: А1 Телевизија
Србија: ФОКС Телевизија
Босна и Херцеговина: Федеративна Телевизија ФТВ

Надворешни врски[уреди]