Македонски идол — реално музичко шоу во продукција на А1 телевизија според лиценца од популарното светско шоу Поп Идол. Шоуто запонало во летото 2010 година, а со емитување нешто подоцна истата година. Жирито или судиите кои ќе одлучуваат за судбината на талентите е составено од Игор Џамбазов, Калиопи и Тони Михајловски, додека водители се Иванна Хаџиевска и Ненад Ѓеоргиевски[1].
Аудициите за првата сезона на Македонски идол започнале во летото 2010 година. Аудициите се одржале во Охрид, Кавадарци, Струмица, Велес, Штип, Куманово, Скопје, Битола, Тетово и Прилеп.[2]