Еднооки
Еднооки | |
---|---|
Жанр | комедија |
Воведна тема | Леле Леле Леле |
Земја на потекло | Република Македонија |
Бр. на сезони | 7 |
Продукција | |
Времетраење | 10 - 15 минути |
Продукциска куќа | Контрабанда продукција |
Прикажување | |
Првична мрежа | Сител[1] во минатото A1, Канал 5 и Телевизија Алфа[2] |
Надворешни врски | |
Мрежна страница | sitel.com.mk/tv/serii/ednooki-humoristichna-serija |
Еднооки е македонска сатирична анимирана телевизиска серија од Контрабанда продукција. Серијата започна да се емитува во април 2006 година. До 2008 година се емитуваше на А1 Телевизија, потоа на Канал 5 Телевизија, од 2012 година до 2016 на Сител телевизија, а од 2019 година на Телевизија Алфа.
Во серијата на хумористичен начин се раскажува политичката сцена, спорот со Грција, меѓуетничките односи, односите со соседните држави, актуелните случки, животот на политичарите и секојдневниот живот на народот во Македонија.