Семејни интриги

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Семејни интриги
Податотека:Lacos logo.jpg
Лого
Жанр драма
Создадена од Маноел Карлос
Напишана од Маноел Карлос
Режирана од Рикардо Вадингтон
Настапуваат Вера Фишер
Тони Рамос
Каролина Дикман
Рејналдо Џанекини
Жозе Мајер
Џована Антонели
Дебора Секо
Најавна песна Corcovado
Земја на потекло Бразил
Јазик португалски
Број на епизоди 209 (национална)
150 (интернационална)
Продукција
Времетраење 45 минути
Емитување
Канал на емитување Глобо
Формат на слика SDTV
Емитување 5 јуни 20003 февруари 2001
Хронологија
Претходена од Нова земја
Проследена од Пристаниште на чудата
Официјална Веб-страница

Семејни интриги (португалски: Laços de Família) е бразилска теленовела на писателот Маноел Карлос снимена во 2000/2001 година.

Во Македонија беше прикажувана на А1 телевизија.

Синопсис[уреди]

По една сообраќајна несреќа, која за среќа поминува без последици, се запознаваат Елена и Еду. И покрај разликата во години меѓу нив, тие почнуваат љубовна врска, која не ја одобрува семејството на Едуардо.

За Еду е заинтересирана и ќерката на Елена, Камила, што доведува до конфликт меѓу нив две. Поради ова Елена ја прекинува врската.

На полусестрата на Елена, Ирис, не ѝ се допаѓа тоа што Камила го презела Еду од Елена. Таа е заљубена во Педро, човекот кој се грижи за ранчот на Елена.

Елена и Педро имале тајна љубовна врска кога биле млади, во време кога Елена била мажена за друг човек. Педро не знае дека тој е всушност таткото на Камила, а сѐ уште е тајно вљубен во Елена.

По раскинувањето на врската со Еду, Елена стапува во врска со Мигел. Но, дознава дека нејзината ќерка е болна од леукемија и дека може да ја спаси само пресадување на коскена срж од компатибилен донатор.

Поради ова таа му открива на Педро дека тој е таткото на Камила и решаваат да имаат уште едно дете со цел тоа да биде донатор за Камила.

Занимливости[уреди]

  • Маноел Карлос ја добил идејата за серијата откако во весник прочитал за некој случај во САД во 1990, каде мајката забременила по втор пат за да ја спаси ќерка си болна од леукемија.
  • Оваа новела ја покрена дискусијата меѓу народот за донациите на коскена срж. Од ноември 2000 (кога темата била прикажана во серијата) до јануари 2001, бил регистриран пораст од 4.400% на волонтери за донирање коскена срж, т.е. од 20 волонтери месечно на 900.
  • Оваа новела беше најгледана во 2000 година во Бразил. Епизодата во која на Камила (Каролина Дикман) ѝ ја избричија главата поради болеста, 79% од вклучените телевизори биле пуштени на тој канал.
  • Книгите кои беа спомнати во книжарата на Мигел (Тони Рамос) подоцна беа за 30% повеќе продавани.
  • Најголемото откритие во новелата беше актерката Џована Антонели, која ја играше улогата на Капиту, самохрана мајка која живее кај родителите и е приморана да се проституира за да заработи. Маноел Карлос направил истражување на оваа тема и открил дека повеќето од овие жени, т.н. „семејни проститутки“, биле запишани на факултет, а 90% од нив биле самохрани мајки.

Надворешни врски[уреди]