Дрезга (Лопате)
Дрезга — археолошко наоѓалиште во кумановското село Лопате. Претставува населба од римското време.
Се наоѓа на 1 км северозападно од селото, на голем простор од десната страна на патот за селото Матејче. Наоѓалиштето е познато во археолошката литература од многу одамна. Имено, Н. Вулиќ објавил повеќе камени споменици (капител, делови од натписи и ара посветена на Митра), М. Кокиќ објавил вотивен споменик посветен на Митра, со натпис во кој се споменува Станицата Ламуд, а и подоцна, со археолошките рекогносцирања за археолошката карта, овде и во селото Лопате се утврдени нови археолошки наоди и градежен материјал. Со истражувачката интервенција на Музејот на Македонија, во 1979 г. се откриени 6 гроба со закопани покојници, од типот циста, во чии конструкции биле вградени надгробни стели од II-IV век со латински натписи од приватен карактер.[1]
Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје и во Народниот музеј во Куманово.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 213. ISBN 9989-649-28-6.