Градиште (Пчиња)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Градиште


Местоположба 42°2′22″N 21°45′21″E / 42.03944° СГШ; 21.75583° ИГД / 42.03944; 21.75583Координати: 42°2′22″N 21°45′21″E / 42.03944° СГШ; 21.75583° ИГД / 42.03944; 21.75583
Основни податоци
Место Пчиња
Општина Куманово
Тип

 градиште


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Градиште археолошко наоѓалиште во кумановското село Пчиња. Претставува градиште од доцна антика. На 2,5 км северно од селото, на висок рид со зарамнето плато, кое зафаќа површина од 250 × 100 м, се гледаат остатоци од фортификација. На југоисточниот дел на тврдината е зачуван ѕид од бедемот кој има дебелина од 1,70 м, граден од кршен камен и варов малтер. Во внатрешноста на тврдината се гледаат ѕидови од повеќе објекти, а се среќаваат и фрагменти од керамички садови, питоси и множество градежен материјал.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 221, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069