Мијашки Рид (Пчиња)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мијашки Рид


Местоположба 42°2′22″N 21°45′21″E / 42.03944° СГШ; 21.75583° ИГД / 42.03944; 21.75583Координати: 42°2′22″N 21°45′21″E / 42.03944° СГШ; 21.75583° ИГД / 42.03944; 21.75583
Основни податоци
Место Пчиња
Општина Куманово
Тип

 некропола


Период железно време
Портал „Археологија“

Мијашки Ридархеолошко наоѓалиште во кумановското село Пчиња. Претставува некропола од железно време. На околу 500 м северозападно од селото, лево од патот Куманово - Пчиња се издига блага височинка на која во нивата на Ратко Трендевски е откриен гроб - циста, граден од делумно обработени камени плочи, поставен во правец североисток-југозапад, и во него се најдени нож и две копја од железо. Во 1988 година од страна на Народн музеј - Куманово е извршено пробно ископување. Со сондата поставена близу до гробот бил откриен дел од темел на сувоѕидица, граден од појадри камења, широк 0,85 м, чија функција не е дефинирана. Наодите се чуваат во Народниот музеј во Куманово.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 221, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069