Калиште (Клечевце)
Изглед
„Калиште“
| |
| |
Местоположба | 42°07′59″N 21°52′25″E / 42.13306° СГШ; 21.87361° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Клечевце |
Општина | Куманово |
Тип |
|
Период | железно време |
Портал „Археологија“ |
Калиште — археолошко наоѓалиште кај селото Клечевце, Кумановско. Претставува населба од железното време. На околу 2 км североисточно од селото, а на 12,5 км источно од Куманово се издига висок рид што доминира над полето Рамниште (на источната страна), како и над утоката на Крива Река во Пчиња. Има плато во облик на неправилен триаголник кое стрмно паѓа кон северозапад, со висинска разлика од 35 м, на источната и југозападната страна заштитено со насип од земја.[1]
Археолошки наоди на платото на Калиште нема, меѓутоа во поројните бразди што допираат до подножјето на ридот се среќаваат фрагменти од керамички садови, едни со орнаменти изведени со радла, сите од железното време II на Македонија.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Јачински Пат — населба од римско време
- Клечевце — осамен наод од римско време
- Орловац - Рамниште — тврдина од доцноантичко време
- Црквиште — ранохристијанска базилика и римска бања
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 210. ISBN 9989-649-28-6.