Трпеза (Колицко)
Трпеза или Ѕидини — археолошко наоѓалиште во кумановското село Колицко. Претставува населба со некропола од римско време.
Наоѓалиштето е сместено на зарамнето плато кое на едната страна преминува во блага падина.
На западната периферија на селото, во нивата на Михаил Спасовски, како и во соседните ниви, на површина од околу 2 хектара се среќаваат фрагменти од керамички садови, тегули, плочи и темели од градби. Во нивата на Војо Арсов е најдена плоча со римски натпис.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 211. ISBN 9989-649-28-6.