Настани во септември

Од Википедија — слободната енциклопедија

1 септември


1752  Ѕвоното на слободата пристигнува во Филаделфија.
1804  Јунона, еден од најголемите астероиди во главниот појас, била откриена од германскиот астроном Карл Лудвиг Хардинг.
1897  Се отвора подземното метро во Бостон, станувајќи првото од тој вид во Северна Америка.
1905  Алберта и Саскачеван се придружуваат во Канадската конфедерација.
1939  Со инвазијата на нацистичка Германија врз Полска започна Втората светска војна.
1985  Заедничка американско-француска експедиција ги открива остатоците на Титаник.
1992  Министерството за надворешни работи на Русија официјално предложи Република Македонија да назначи свој официјален претставник во Москва.
2004  Во рускиот град Беслан започна заложничката драма, кога група вооружени чеченски терористи го нападнаа основното училиште во овој град во Јужна Осетија.


2 септември


31 п.н.е.  Последната граѓанска војна во Рим: во Битката кај Акциум силите на Октавијан ги победуваат војските на Марко Антониј и Клеопатра.
1666  Избувнал Големиот пожар во Лондон, кој горел три дена, уништувајќи 10.000 градби вклучувајќи ја и катедралата Свети Павле.
1752  Обединетото Кралство го вовело грегоријанскиот календар, речиси два века подоцна од Западна Европа.
1807  Британската морнарица го бомбардирала Копенхаген со огнени бомби и фосфорни ракети за да го спречи предавањето на Данска на флотата на Наполеон Бонапарт.
1922  Во Скопје бил формиран спортскиот клуб „Македонија“.
1930  Со авионот „Знак прашање“, француските пилоти Диеодн Кост и Морис Белонт го извршиле првиот непрекинат лет меѓу Европа и САД.
1944  Ослободен е Демир Хисар.
1944  Президиумот на АСНОМ на својата трета седница, одржана во манастирот Свети Прохор Пчински, еден месец по историското Прво заседание на АСНОМ, донел одлука за основање на телеграфска агенција на Македонија - ТАМ. Оваа агенција одиграла мошне важна улога во ширењето на вистината за праведната борба на македонскиот народ за национално и социјално ослободување.
1945  Завршила Втората светска војна: Конечното предавање на Јапонија било прифатено на борбениот брод „Мисури“, во пристаништето на Токио.
1991  Во Скопје е формирано Геронтолошкото друштво на Македонија.
2011  Јошихико Нода бил назначен за Премиер на Јапонија.


3 септември


590  Грегориј I станува папа.
1650  Трета англиска граѓанска војна: Битка кај Данбар
1651  Трета англиска граѓанска војна: Вустерска битка - Чарлс II е поразен во последната главна битка во војната.
1783  Американска револуционерна војна: Војната завршува со потпишувањето на т.н. Париски договор од страна на САД и Кралството на Велика Британија.
1855  Индијански војни: Во Небраска, 700 војници под раководство на Американскиот Генерал Вилијам С. Харни се одмаздуваат за Гратан Масакарот со напаѓање на Индјанско село, убивајќи 100 мажи, жени, и деца.
1892  Англискиот фудбалски клуб Нотингем Форест го одигра својот прв натпревар во лигата против ФК Евертон.
1901  На патот од Банско за Симитли, кај месноста Потпрена скала, четниците на Јане Сандански и Христо Чернопеев ја киднапирале протестантската мисионерка Мис Елен Стоун и нејзината придружничка Катерина Стефанова - Цилка.
1933  Во Софија излегол првиот број на „Македонска правда“, весник на македонската емиграција, кој ја поддржувал идејата за балканска федерација.
1939  Започнала Втората светска војна, со објавувањето на војна од страна на Франција, Обединетото Кралство, Нов Зеланд и Австралија против Германија по инвазијата на Полска.
1943  Во Сиракуза, Италија потпишано е примирје меѓу сојузниците и италијанската Влада на маршал Бадољо. Пет дена подоцна, Италија капитулира.
1967  Шведска ја менува страната на возење од лево на десно.
1971  Катар добива независност од Обединетото Кралство. За разлика од другите емирати, Катар одбива да стане дел на Обединетите Арапски Емирати или Саудиска Арабија.
1976  Програм „Викинг“: Вселенското летало „Викинг 2“ слетува кај Утопија Планитија на Марс.
1995  Основана е фирмата eBay.
1997  Кај селото Жидилово, кај Крива Паланка во Република Македонија пристигна природниот гас.


4 септември


476  Пад на Римското Царство.
1837  Во присуство на поголем број стручњаци, американскиот научник Семјуел Морзе со успех ја демонстрирал работата на својот телеграф. Кон средината на мај во 1844 г. веќе била воспоставена телеграфска врска меѓу Вашингтон и Балтимор, а набрзо телеграфот почнаа да го користат и европските земји.
1886  Индијански војни: По скоро 30 години борба, водачот на Апачите, Џеронимо му се предава со неговите преостанати војници на генералот Нелсон Мајлс во Аризона.
1939  Втора светска војна: Јапонија прогласува неутралност во Европската војна.
1940  За првпат во Втората светска војна, Германска подморница напаѓа брод од САД (УСС Гир) без разлика на неутралноста на САД и предизвикувајќи тензиите да се зголемат.
1944  Советскиот Сојуз ѝ објави војна на Бугарија која беше сојузник на фашистичка Германија. Три дена подоцна, трупите на маршал Толбукин ги започнаа операциите на Добруџа.
1951  Првото трансконтинентално телевизиско емитување се случува во Сан Франциско, Калифорнија, од Јапонската мировна конференција.
1971  Авион „Боинг 727“ (лет бр. 1866) од Alaska Airlines паѓа близу Џуно, Алјаска, убивајќи 111 луѓе.
1995  IV светска женска конферецнија се отвора во Пекинг, со присуство на над 4.500 делегати од 181 земја.
1996  Во Народната банка на Република Македонија се промовирани новите македонски пари, со нов дизајн, кои беа пуштени во оптек на 8 септември 1996 г.
2001  Објавено првото издание на графичкиот формат „размерлива векторска графика“ (SVG).
2016  Папата Франциск ја прогласува Мајка Тереза за светица.


5 септември


1600  Со повелба на кралицата Елизабета I е основана Источноиндиската компанија, со што беа удрени темелите на англиското колонијално владеење.
1774  Првиот континентален конгрес се собира во Филаделфија, Пенсилванија.
1800  Малта е освоена од Велика Британија.
1914  Прва светска војна: Почнува Првата битка на Марна. Североисточно од Париз, Французите напаѓаат и поразуваат германски сили кои напредуваат кон главниот град.
1939  Втора светска војна: САД прогласува неутралност во војната.
1948  Робер Шуман станува премиер на Франција.
1977  Сондата „Војаџер 1“ лансирана по мало задоцнување. На сондата е испратена златна плоча со снимки и симболи со кои им се претставува Земјата на потенцијалните вонземски цивилизации кои би наишле на неа.
1992  Бранко Црвенковски стана втор премиер на Република Македонија, на возраст од 29 години.
2011  Пуштена втората верзија на Енциклопедијата на живиот свет.


6 септември


1522  Шпанскиот морепловец Хуан Себастијан Елкано успеал да стигне назад во Шпанија со само 18 морнари (од вкупно 256) на еден брод од петте брода со кои Фернандо Магелан го започнал патувањето околу светот три години порано.
1776  Ураган го погодува Гваделуп, убивајќи повеќе од 6000 луѓе.
1885  Источна Румелија е присоединета кон Бугарија.
1901  Во Бафало, САД е извршен атентат врз американскиот претседател Вилијам Мекенли кој умре по една недела, а на 14 септември истата година Теодор Рузвелт стана нов претседател на САД.
1939  Втора светска војна: Јужна Африка ѝ објавува војна на Германија.
1944  Ослободено е Кратово.
1943  Италијанската војска и балистите од Кичево во го запалиле селото Извор и 25 куќи и во селото Белчиште.
1944  Царската влада на Бугарија ѝ објави војна на Германија. Одлуката е донесена во моментот кога единиците на Црвената армија веќе дојдоа до бугарската граница. Бугарија дотогаш беше сојузник на Третиот Рајх.
1962  Во Струга започна првата поетска манифестација Струшки вечери на поезијата. Најзначајната награда на Струшките вечери на поезијата е „Златниот венец“, која за првпат му е доделена во 1966 година на советскиот поет Роберт Иванович Рождественски за најдобра песна. Од 1971 година „Златниот венец“ се доделува за целокупен поетски опус.
1974  Претставници на Фронтот за национално ослободување на Мозамбик и претставници на португалската Влада склучија спогодба за независност на Мозамбик.
1975  Во катастрофалниот земјотрес што ја зафати Турција загинаа околу 23.000 луѓе.
1976  Студена војна: пилотот од воздухопловството на Советскиот Сојуз Виктор Беленко слетува со МиГ-25 воен авион кај Хакодате на островот Хокаидо во Јапонија и бара политички азил во САД.
2000  Одржан е Милениумскиот самит.


7 септември


70  Римската армија под водство на војсководецот Тит го окупира и уништва Ерусалим.
1764  Станислав Поњатовски е крунисан за крал на Полска.
1822  Бразил прогласува независност од Португалија.
1901  Со мирот во Пекинг заврши таканареченото „Боксерско востание“ во Кина. Тоа беше бунт на селаните и на градската сиромаштија против странските империјалисти и домашните угнетувачи.
1940  Авионите на Германија го почнаа бомбардирањето на Лондон. Оваа акција беше позната под името „Лондонски блиц“.
1992  Белорусија ја призна Република Македонија, а истовремено донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу двете земји.
1993  Во Скопје е пуштена во работа меѓународната телекомуникациона врска меѓу Република Македонија и Република Бугарија, на релацијата Скопје-Софија.
1997  Во Скопје е отворен првиот „Мекдоналдс“ во Македонија.
2012  Околијата Јиљанг, Кина ја погодуваат два земјотреса со јачина од 5,6 и 5,3 Mw. Несреќата однела 89 животи и повредила 800 лица. Срушени се 20.000 домови, а евакуирани се уште 100.000 граѓани.


8 септември


1331  Стефан Душан се прогласува за крал на Србија.
1831  Вилијам IV е крунисан за крал на Велика Британија.
1940  На Водно, Скопје, се одржува Покраинската конференција на КПЈ за Македонија. Методија Шаторов - Шарло е избран за секретар на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, а Кочо Рацин е исклучен од партијата.
1941  Kaj Водно, Скопје, Боро Петрушевски успева да се пробие низ заседата на бугарската војска и полиција, при што убива еден бугарски војник.
1943  Американскиот генерал Двајт Ајзенхауер го објавува примирјето на сојузниците со Италија, а малку подоцна премиерот Бодољо им наредува на италијанските вооружени сили да го запрат отпорот против Британците и Американците.
1943  Ослободен е Дебар.
1944  Ослободени се Пробиштип и Крушево.
1966  Беше емитувана „Човечка стапица“, првата епизода од научно-фантастичната телевизиска серија „Ѕвездени патеки“.
1991  Ден на независноста на Македонија.
1992  Промовирана е првата редовна поштенска марка на Република Македонија.
2022  Чарлс III станува крал на Обединетото Кралство со смртта на неговата мајка истиот ден.


9 септември


1499  Бродот Сан Габриел на чело Васко де Гама се вратил во пристаништето во Лисабон од првото патување до Индија по две години патување во обете насоки.
1776  Воведен е и официјалниот назив Соединети Американски Држави наместо Обединети Колонии кој дотогаш беше во употреба.
1850  Калифорнија е признаена како триесет и првата држава во САД.
1924  Се случува масакрот во Ханапепе, Хаваи
1943  Втора светска војна: Сили на алијансата слетуваат кај Салерно и Таранто, Италија.
1947  Првиот познат случај на информатичка бубачка: молец се населил во релеј од сметачот на универзитетот Харвард.
1956  Елвис Присли за првпат се појавува на емисијата на Ед Саливан.
1959  Нико Нестор станува првиот Македонец кој го препливува Ламанш.
1969  Легендата на македонското женско пливање Атина Бојаџи станува првата жена која го препливува Ламанш за време од 13 часа и 20 минути.
1991  Таџикистан добива независност од Советскиот Сојуз.
1994  Започна со работа Постојаната мисија на Република Македонија при Обединетите нации во Виена.


10 септември


1608  Џон Смит е избран за претседател на советот од Џејмстаун, Вирџинија.
1823  Симон Боливар е избран за претседател на Перу.
1939  Британскиот доминион Канада и објави војна на нацистичка Германија со што пресметката во Европа доби карактер на светска војна.
1943  Албанската партизански одред „Хаџи Љеш“ и Малесиската партизанска чета на народноослободителната војска на Југославија ја разоружале италијанската дивизија „Фиренца“ во Дебар и го ослободиле градот. Запленети се поголемо количество оружје и една радиостаница.
1944  Во ослободениот Париз, генерал Шарл де Гол, водач на армијата слободни Французи и на дегоистичкото движење ја создава првата влада на новата Четврта Република.
1963  20 афроамерикански студенти влегуваат во јавните училиштачет во Алабама.
1991  Регистирано е политичкото здружение Македонски совет за европско движење со седиште во Скопје.
1993  Израелскиот премиер Јицак Рабин во Ерусалим го потпиша официјалното израелско признавање на Палестинската ослободителна организација (ПЛО).
1994  Во селото Арачиново, Скопско е осветен камен-темелникот на новата црква „Св. Маченик Талалеј“.


11 септември


1683  Јован III Собјески од Полска пристигнал со своите војски пред Виена и помогнал во победата над турските војски кои ја држеле под двомесечна опсада.
1903  На планината Плавица, во близината на Кратово, здружените чети на војводите Славчо Ковачев и Атанас Бабата воделе еднодневна борба со турската војска.
1905  На битолскиот Ат-пазар бил јавно обесен војводата Александар Турунџиев.
1941  Претседателот на САД Франклин Рузвелт издал наредба до американското воено воздухопловство и до морнарицата да отворат оган врз сите бродови на силите на Оската кои ќе влезат во водите на западната полутопка. Тоа значело конечно американско раскинување со политиката на изолационизмот. САД отворено застанале на страната на Велика Британија и на СССР, иако стапиле во војна дури по јапонскиот напад врз Перл Харбор.
1943  На патот Кичево-Охрид, баталјонотМирче Ацев“ урнал три моста и исекол 130 столбови, а во селото Сливово ја запалил жандармериската станица.
1944  Сојузничките сили го зазеле Луксембург и се пробиле на германска територија.
1944  Струмичкиот партизански одред ја ослободил Струмица и околните села.
1944  Ресен бил ослободен од фашистичкиот окупатор.
1973  Со воениот удар во Чиле, предводен од Аугусто Пиноче, убиен е претседателот Салвадор Аљенде и воспоставена е антикомунистичка воена диктатура.
1996  Република Македонија и Бахреин воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво.
1997  Република Македонија станала полноправна членка на Централно и источноевропската регионална иницијатива за управување со воздушниот простор (ЦИЕРВИ).
2001  Во САД биле извршени терористички напади во кои загинале 3.000 луѓе. Одговорноста за нападите ја презела организацијата Ал Каеда на Осама бин Ладен.
2003  Шведската министерка за надворешни работи Ана Линд починала откако претходниот ден била прободена со нож од Мијаило Мијаиловиќ, роден во Шведска со српско потекло.


12 септември


12 септември (настани)

13 септември


1924  Во Софија убиен е Димо Хаџи Димов, еден од најпознатите идеолози и теоретичари на автентичното македонско национално-ослободително движење
1924  Во Софија е убиен Владислав Ковачев, популарен штипски војвода и публицист, уредник на весникот „Автономна Македонија“ и идеолог на Македонската емигрантска федеративна организација
1995  Република Македонија и САД воспоставиле дипломатски односи.
1995  Во Њујорк е постигнат договор меѓу македонскиот министер за надворешни работи Стево Црвенковски и неговиот грчки колега Карлос Папуљас, со кој Грција се обврзува да ја спушти економската блокада врз Македонија, во замена за промена на официјалното знаме на Република Македонија. Проблемот со името е оставен да се решава во иднина.


14 септември


1847  По низа победи во Американско-мексиканската војна, единиците на САД под команда на генералот Видфилд Скот го окупирале градот Мексико. Со мировниот договор мексиканската влада била принудена на воено посилниот сосед да му ги отстапи Калифорнија, Јута, Аризона и Њу Орлеанс.
2017  Халима Јакоб станува првата жена на функцијата претседател на Сингапур.


15 септември


1786  Италијанскиот лекар и природонаучник Лујџи Галвани ја открил струјата, која според неговото име подоцна е наречена — галванска.
1812  Француската армија предводена од Наполеон дошла до Кремљ во Москва.
1821  Дотогашните шпански колонии Костарика, Никарагва, Ел Салвадор, Гватемала и Хондурас прогласиле независност.
1822  Францускиот ориенталист Жан Франсоа Шамполион успеал прв да ги дешифрира хиероглифите на Каменот од Розета најден во египетското место Решид, во 1799 година. Тој утврдил дека хиероглифите не се симболично, туку фонетско писмо. Шамполион е основач на египтологијата.
1830  Отворањето на железничката линија ЛиверпулМанчестер на која е употребена парната локомотива. „Ракета“ е проследена и со првата железничка несреќа со случајна смрт на англискиот државник Вилијам Хускисон.
1835  Бродот „Бигл“ со Чарлс Дарвин пристигнал на островите Галапагос.
1916  Тенкот е за првпат употребен во борбени дејства во Битката на Сома во Франција.
1993  Во Скопје е регистрирана Асоцијацијата на европските студентски структури при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
1995  Во Скопје, пред влезот на канцеларијата за врски на САД е поставен нов амблем чиј натпис гласи „Амбасада на САД“, со што формално мисијата на САД во Македонија го означи подигањето на нивото на дипломатските односи на релацијата Вашингтон - Скопје.
2002  Парламентарни избори во Република Македонија, на кои ќе победи коалицијата За Македонија Заедно предводена од СДСМ и Бранко Црвенковски.


16 септември


1810  Со масовно оружено востание на селаните, предводени од Мигел Идалго и Хосе Моралес, во Мексико почнала борбата за независност од Шпанија. Тој ден е прогласен за национален празник на државата Мексико која била шпанска колонија од 1519 година.
1941  Хитлер му наредил на заповедникот на германските вооружени сили за југоисток, да го задуши востаничкото движење на Балканот. Според Хитлеровата наредба со крајна суровост мора да се оневозможат партизаните и за смртта на секој германски војник со смрт да се казнат 50 до 100 заложници.
1959  Францускиот претседател Шарл де Гол преку радиото на алжирскиот народ му го признал правото на самоопределување.
2010  НАСА и Меѓународниот астрономски сојуз решаваат едно од езерата на Сатурновата месечина Титан да го носи името „Охридско Езеро“, во чест на истоименото езеро во југозападна Македонија.


17 септември


1685  Лондон го зафатила голема епидемија на чума од која умреле околу 70.000 луѓе.
1939  Советските единици врз основаа на договорот Рибентроп-Молотов ја нападнале Полска и ги зазеле источните делови. Во нападот се заробени 180.000 војници и околу 9.000 офицери, а потоа почнало ликвидирањето на заробените Полјаци.
1943  Во селото Подвис, кичевско почнало да работи првото училиште на македонски јазик.
1978  Во вилата Кемп Дејвид завршиле разговорите помеѓу египетскиот претседател Садат, израелскиот премиер Бегин и американскиот претседател Картер. Притоа, биле потпишани два документа: рамки за мир на Блискиот Исток и рамки за мировен договор помеѓу Египет и Израел.
1996  Во Пекинг, на Конференцијата на интерпарламентарната унија, Република Македонија е примена во Групацијата на средоземни земји.


18 септември


1820  Францускиот математичар и физичар Андре Мари Ампер ја објавил теоријата електромагнетното поле.
1851  Во Њујорк, излезегол првиот број на дневниот весник „Њујорк дејли тајмс“, еден од најтиражните весници во светот.
1931  Откако го предизвикале инцидентот кај Мукден, Јапонците го започнале нападот врз североисточна Кина (Манџурија) и ја окупирале оваа азиска област. Окупацијата траела сè до 1945 година кога советските трупи ги протерале Јапонците.
1944  Германските единици повлекувајќи се од Грција упаднале во Струмица, но не успеале да воспостават окупаторска власт, ниту да ги оневозможат органите на народната власт да ја извршуваат својата должност.
1962  Во Бејрут фалангата и десничарите на мајор Саад Хадат во палестинските логори според зборовите на Јасер Арафат убиле околу 3.000 луѓе.
1973  Генералното собрание на ООН во своето членство ги прими СР Германија, ДР Германија и Бахамските Острови.
2014  Одржан Референдумот за независност на Шкотска


19 септември


1985  Катастрофален земјотрес со јачина од 8.1 степени според Рихтеровата скала го погодил Мексико. Во него загинале околу 10.000 луѓе, а материјалната штета е проценета на околу шест милиони долари.
1992  Во селото Стајковци, скопско, е поставен и посветен камен-темелник на нова црква „Свети Кирил и Методиј“.
1994  Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон Општата спогодба за царини и трговија (ГАТТ).
1996  Република Македонија пристапи кон трите конвенции на Меѓународната агенција за атомска енергија.


20 септември


331 п.н.е.  На реката Тигар, во Месопотамија, војската на Александар Македонски се судрил со главнината на персиската војска на царот Дариј III. Персијците имале околу милион војници, а Александар Македонски помалку од 50.000. Овој судир во историјата е познат како „Битка кај Гавгамела“.
1519  Португалскиот морепловец Фернандо Магелан во служба на шпанскиот крал Карло V, од Сан Лукар во Шпанија со својата експедиција од пет бродови тргнал на пат околу светот со цел да го открие западниот пат за Индија и во освојување на колонии за шпанската династија. Во 1520 година ги испитал југоисточните брегови на Јужна Америка и го открил според него наречениот Магеланов Проток и преку него поминал во океанот кој го нарекол Тихи (Пацифик). Загинал на Филипинските Острови во борба против домородците, на 27 април 1521 година. Другиот дел од експедицијата се вратил во Шпанија. Така било докажано дека Земјата е тркалезна и дека новиите краишта што ги открил Колумбо не се дел од Индија, туку посебен континент.
1950  Централната народна влада го усвојува грбот на НР Кина.
1963  Американскиот претседател Џон Кенеди на заседанието на Генералното собрание на ООН предложил заедничка советско-американска експедиција на месечината.


21 септември


1937  Џ.Р.Р Толкин ја објавил книгата Хобит.


22 септември


1735  Роберт Волпол бил првиот британски премиер што се вселил во резиденцијата на „Даунинг стрит“ бр. 10, во Лондон.
1792  Во екот на војната со контрареволуцијата париските маси го зазеле дворецот во Версај и ги затвориле Луј XVI и неговата сопруга Марија Антоанета. Законодавното собрание прогласило република.
1862  Американскиот претседател Абрахам Линколн објавил декрет според кој од 1 јануари 1863 година на сите американски робови им се дава целосна слобода. Тоа било резултат од долготрајната борба на прогресивните сили на Американската граѓанска војна, кој барала брза и неодложна акција за ослободување на обесправените црнци.
1862  Ото фон Бизмарк станал канцелар на Прусија.
1933  Во Париз почнал Светскиот младински конгрес против војната и фашизмот.
1946  Во НР Македонија биле одржани првите избори за Уставотворното собрание, кое потоа го донело првиот устав на НР Македонија.
1991  За првпат во Република Македонија бил изведен светиот чин „Опход на моштите на Свети Климент Охридски Чудотворец“ (опходот траел до 6 октомври истата година), основоположник на Македонската и на првата Словенска православна црква и втемелувач на националната самобитност на македонскиот народ.
1992  Во Штип е отворена првата приватна специјалистичка гинеколошка ординација во Република Македонија.
1992  Воспоставена е авиолинија Скопје - Москва.
1993  Во Бали, Индонезија, Република Македонија е примена во Светскиот совет за енергија.


23 септември


1846  Германскиот астроном Јохан Готфрид Гале ја открил планетата Нептун.
1903  Над селото Цапари, на Пелистер се водела последната востаничка битка (Пелистерска битка) во битолско во времето на Илинденското востание. Во борбата против османлиската војска загинале 48 востаници.
2011  Пијанистот Симон Трпчески е прогласен за прв „Национален уметник на Македонија“.


24 септември


1706  Во Алтранштет, Шведска и Саксонија склучиле мир со кој Шведска се откажала од полската круна и го признала полскиот крал Станислав Лешчињски.
1852  Францускиот инженер Анри Жифар го извел првиот лет со цепелин на парен погон, летајќи 27 километри, од Париз до Трап.
1905  Шведска ја признала независноста на Норвешка која претходно била под владение на Данска, а од 1814 година во унија со Шведска. По отцепувањето е прогласена за самостојна уставна монархија на чело со кралот Хокон VII.
1908  Во Солун, во кафеаната „Бошњак-ан“, терористи-платени врховисти извршиле неуспешен атентат врз големиот македонски револуционер Јане Сандански. При атентатот две лица од придружбата на Сандански биле смртно погодени.
1941  Во Лондон, на конференцијата на претставниците на владите на Австралија, Канада, Велика Британија, Нов Зеланд, Јужноафриканскиот Сојуз, СССР и претставници на бегалските влади на Чехословачка, Грција, Белгија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Полска, Југославија и на слободна Франција, ја потпишале Атлантската повелба која пред шест недели ја прокламирал американскиот претседател Франклин Рузвелт и британскиот претседател Винстон Черчил, со што овие земји ја прифатиле Повелбата како политичка програма во борба против силите на Оската.
1993  Во Монте Карло, Македонскиот олимписки комитет е примен за рамноправен член на олимпиското семејство.


25 септември


1493  Христофор Колумбо испловил од пристаништето во Кадис на своето второ патување кон Новиот Свет.
1513  Шпанскиот истражувач Васко Нуњес де Балбо ја поминал Панама и станал првиот Европеец кој го видел Тихиот Океан.
1555  Со мирот во Аугсбург, германските протестантски земји биле правно изедначени со римокатоличките.
1825  Меѓу Дарлингтон и Стоктон, во Велика Британија, била пуштена во сообраќај првата железничка линија за јавен сообраќај. Овој ден се смета за почеток на историјата на железничкиот сообраќај.
1940  Во Норвешка на власт дошла квислиншката влада (наречена според норвешкиот политичар и мајор Видкун Квислинг кој учестувал во германската агресија врз Норвешка во 1940 година, по што се прогласил за шеф на новосоздадената марионетска влада, а во 1945 година е осуден на смрт поради велепредавство), синоним на соработниците на фашистичкиот окупатор низ цела Европа.
1946  Во Скопје е основано Работничко културно-уметничкото друштво „Кочо Рацин“. Друштвото го формирал Месниот синдикален совет на Скопје, со цел да ги обедини работниците и службениците заради развивање на културно-просветната дејност.
1990  Нелсон Мандела бил пуштен на слобода.
1999  Во Скопје, во издание на НИП „Нова Македонија“ излегол првиот број на весникот „Скок“.


26 септември


1371  Се одиграла Битката на Марица во која загинале Волкашин и Углеша Мрњавчевци, а синот на Волкашин, Крале Марко станал крал на Прилепското Кралство и турски вазал.
1580  Англискиот мореполовец Френсис Дрејк го завршил своето патување околу светот.
1604  По многу одложувања, црковните власти во Шпанија дозволиле да се печати делото „Дон Кихот“ на големиот шпански писател Мигел де Сервантес.
1815  Русија, Австрија и Прусија ја создале „Светиот сојз“ со цел да ги задушат револуционерните движења во Европа.
1960  Првата политичка дебата меѓу Ричард Никсон и Џон Фицџералд Кенеди која била пренесувана на ТВ.
1962  Прогласена Арапската Република Јемен.
1993  Во Виница е отворен Првиот фестивал за хумор, сатира и карикатура во Република Македонија, наречен „Ин Виница веритас“.
1993  Во селото Довезенце, Кумановско, е осветена новоизградената црква „Свети Ѓорѓи“.


27 септември


1529  Османлиската војска под команда на Сулејман Величествениот ја започна Опсадата на Виена.
1822  Жан-Франсоа Шамполион објавил дека го дешифрирал Каменот од Розета.
1825  Англискиот пронаоѓач Џорџ Стивенсон управувал со својата парна локомотива која влечела 38 вагони на линијата Стоктон - Дарлингтон во Велика Британија. За кратко време железничката мрежа се проширила низ цела Европа.
1854  Во Атлантскиот Океан потонал бродотАрктик“ со околу 300 патници.
1905  Списанието „Анали на физиката“ го објавило трудот на Алберт Ајнштајн „Дали инерцијата на телото зависи од неговата енергија“ каде за првпат е претставена познатата равенка E=mc².
1908  Во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“ под редакција на Димитар Влахов.
1939  По 19-дневен отпор Варшава паднала во рацете на германските трупи.
1940  Во Берлин, Италија и Јапонија потпишале 10-годишен воен и економски пакт и формално создале сојуз на фашистички сили познат под името Оската Берлин - Рим - Токио.
1993  Република Македонија е примена за член на Меѓународната агенција за атомска енергија.
1994  Република Македонија воспоставила дипломатски односи со Португалија и со Кралството Саудиска Арабија.
1994  Во Скопје е основано Македонско-кинеското друштво за пријателство и соработка.
1995  Република Македонија е примена во Советот на Европа како 38-ма членка.


28 септември


1864  Во Лондон е основана Првата интернационала.
1867  Торонто станува главен град на Онтарио.
1898  Италијанскиот лекар и зоолог Батиста Граси ги објавил резултатите од повеќегодишните проучувања во кои ги открил вистинските причинители и пренесувачи на маларијата.
1993  Владата на Демократска Народна Република Кореја донесе одлука за признавање на Република Македонија.
1994  Во Скопје, во издание на „МИ-АН“, излегува првиот број на „Македонско време“, независен информативно-политички магазин.


29 септември


1938  Британија, Франција, нацистичка Германија и фашистичка Италија го потпишуваат Минхенскиот договор.
1941  Почнало Драмското востание на македонските и грчките востаници против бугарскиот окупатор. Во Драма, Просечен, Крлуково и Кобалишта, кои биле нападнати од востаниците, била воспоставена народната власт. По жестоките борби, бугарската војска и полиција го задушиле востанието и притоа извршиле масакрирање на околу 3.000 луѓе и биле преземени различни репресивни мерки низ целата територија во источната област на Егејска Македонија.
1941  Започнала масовната ликвидација на Евреите кај Бабин Јар, Киев — еден од најстрашните масакри во Втората светска војна.
1991  Во селото Усје, Скопско е осветена „црквата Свети Атанасиј“.
1993  Во Аруба, држава на Карипските Острови, Република Македонија е примена за полноправен член на Интерпол, меѓународна организација на криминалистичките полиции.


30 септември


489  Остроготите под воство на Теодорих Велики по вторпат извојувале победа над војската на италијанскиот крал Одоакар
1399  Хенри IV е прогласен за крал на Англија.
1814  По победата на Наполеон, големите сили го свикале Виенскиот конгрес. Одлуките што биле донесени, на Европа и обезбедиле мир, но неколку децении не го решиле прашањето на малите народи, жртвувани за да се наградат големите сили.
1864  Бостонскиот забар Вилијам Мортон прв го употребил етерот како средство за анестезија.
1903  Во Виена и Мирцштег почнал состанокот помеѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот цар Франц Јосиф и нивните министри за надворешни работи, на кој е изработена програма за реформи во Македонија позната како „Мирцштешка реформска програма“, донесени на 2 октомври 1903 г. Со овие реформи, иако битно не се изменила состојбата во Македонија, дале придонес за актуелизирање на македонското прашање во меѓународните односи.
1991  Повеќе стотици илјади Чеси загрижени поради евентуалната поделба на земјата бараа референдум за отцепување на Словачка.
1993  Советот на НАТО го одобри воениот план за поставување на повеќе од 50.000 војници во Босна и Херцеговина во период од две години.
1998  Во Скопје почна со работа Македонската информативна агенција — МИА, официјален јавен информативен сервис на Република Македонија.


31 септември


31 септември (настани)