16 септември (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
1810  Со масовно оружено востание на селаните, предводени од Мигел Идалго и Хосе Моралес, во Мексико почнала борбата за независност од Шпанија. Тој ден е прогласен за национален празник на државата Мексико која била шпанска колонија од 1519 година.
1941  Хитлер му наредил на заповедникот на германските вооружени сили за југоисток, да го задуши востаничкото движење на Балканот. Според Хитлеровата наредба со крајна суровост мора да се оневозможат партизаните и за смртта на секој германски војник со смрт да се казнат 50 до 100 заложници.
1959  Францускиот претседател Шарл де Гол преку радиото на алжирскиот народ му го признал правото на самоопределување.
2010  НАСА и Меѓународниот астрономски сојуз решаваат едно од езерата на Сатурновата месечина Титан да го носи името „Охридско Езеро“, во чест на истоименото езеро во југозападна Македонија.