Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 144.733 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица

Одржлива енергијаенергија произведена и искористена на таков начин што „ги задоволува денешните потреби, без да ја наруши способноста на идните генерации да ги задоволат своите потреби“. Поимот „одржлива енергија“ често се користи обострано со терминот обновлива енергија. Општо земено, обновливите извори на енергија, како што се сончевата, ветерната и хидроелектричната енергија, се сметаат за одржливи. Сепак, одредени проекти за обновлива енергија, како што е расчистување на шумите за производство на биогорива, може да доведе до слична или полоша штета кон животната средина, во споредба со употребата на енергија од фосилните горива. Јадрената енергија е безбеден извор на незагадувачка енергија, но нејзината одржливост е предмет на расправа поради производството на јадрен отпад и ограничените извори на ураниум.

Енергетското преминување за исполнување на светските потреби за електрична енергија, греење, ладење и енергија за превоз на одржлив начин се смета за еден од најголемите предизвици со кои се соочува човештвото во XXI век. На светско ниво, скоро милијарда луѓе немаат пристап до електрична енергија, а околу 3 милијарди луѓе се потпираат на горива што испуштаат многу чад како дрво, јаглен или животински измет за готвење храна. Овие и фосилните горива се најголем придонесувач за загадувањето на воздухот, што предизвикува околу 7 милиони смртни случаи годишно. Производството и потрошувачката на енергија емитува над 70% од емисиите на стакленички гасови предизвикани од човекот. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Каситеритски бипирамиди (SnO2) од Сечуан, Кина.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Белскиот даб
Белскиот даб
На денешен ден…

Денес е 14 јуни 2024 г.

Настани:

1777  Знамето на САД со 13 црвено-бели ленти и 13 ѕвезди на сино поле во горниот лев агол е усвоено од Конгресот на САД.
1789  Виски дестилирано од пченка за првпат е произведено од американскиот свештеник Елаја Крејг. Го нарекле Бурбон по местото на настанување: областа Бурбон во Кентаки.
1800  Наполеон Бонапарт на чело на француската војска ги победи австриските трупи кај италијанското село Маренго и повторно ја освои Италија.
1940  Група од 728 полски политчки затвореници од Тарнув стануваат првите жители на концентрациониот логор Аушвиц.
1941  СССР извршил масовна депортација и убиства на Естонци, Литванци и Летонци од нивните домови.
1962  Во Париз, е основана Европската организација за истражување на вселената, подоцна преименувана во Европска вселенска агенција.
1982  Германија, Франција, Белгија, Холандија и Луксембург го склучиле Шенгенскиот договор.
1985  Фолкландската војна завршила со безусловно предавање на аргентинските сили на британците.
1993  Тансу Чилер стана прва жена премиер во историјата на Турција.
1996  Во Скопје е отворен Британскиот информативен центар.

Родени:

1736  Шарл Огистен де Кулон — француски физичар.
1811  Хариет Бичер Стоу — американски аболиционист и писателка.
1832  Николаус Ото — германски инженер и пронаоѓач.
1856  Андреј Марков — руски математичар.
1925  Далтон Тревизан — бразилски писател.
1928  Ернесто Рафаел Гевара де ла Серна (Че Гевара) — јужноамерикански револуционер и борец за слобода.
1930  Бора Костиќ — српски и југословенски фудбалер.
1931  Васко Липовац — хрватски сликар.
1933  Јежи Кошињски — американски писател.
1946  Доналд Трамп — американски стопанственик и политичар.
1951  Александар Сокуров — руски филмски режисер.
1961  Бој Џорџ — англиски поп-пејач.
1961  Сем Перкинс — американски кошаркар.
1961  Душан Коиќ — српски рок-музичар, член на групите „Шарло акробата“ и „Дисциплина кичме“.
1963  Тони Савевски — македонски фудбалер.
1963  Рамбо Амадеус — црногорски рок-музичар.
1968  Тони Смит — американски кошаркар.
1969  Штефи Граф — германска тенисерка.
1969  Џексон Ричардсон — француски ракометар.
1973  Пламен Константинов — бугарски одбојкар.
1974  Винченцо Монтела — италијански фудбалер.
1976  Масимо Одо — италијански фудбалер.
1983  Матија Гаваци — италијански велосипедист.
1996  Гејб Винсент — нигериско-американски кошаркар.

Починале:

847  Методиј Iцариградски патријарх.
1837  Џакомо Леопардииталијански поет.
1904  Јован Јовановиќ - Змај — српски писател.
1934  Симеон Кавракиров — македонски револуционер.
1943  Веселин Маслеша — босански писател и партизан.
1968  Салваторе Квазимодо — италијански поет.
1986  Хорхе Луис Борхес — аргентински писател.
1994  Хенри Мансини — американски филмски композитор.
1995  Рори Галагер — ирски блуз и рок-музичар.
2009  Боре Ангеловски — македонски глумец.
2018  Станислав Говорухин — руски филмски режисер и глумец.

Празници:

Ден на знамето (САД).
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич