Хариет Бичер Стоу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хариет Бичер Стоу
Жанристориски теми
Значајни делаКолибата на чичо Том

Хариет Бичер Стоу (англиски: Harriet Beecher Stowe) (14 јуни 18111 јули 1896) — американски аболиционист и писателка. Таа е позната по нејзиниот романКолибата на чичо Том“ (1852), посветен на животот на Афроамериканците и нивното ропство.

Животопис[уреди | уреди извор]

Х.Б. Стоу, околу 1852 година.

Хариет Бичер Стоу е родена на 14 јуни 1811 година во Личфилд, Конектикат. Нејзиниот татко бил свештеник и приврзаник на движењето за ослободување на Црнците од ропството. Тој во својот дом често криел Црнци кои избегале од своите бели господари и тоа било можност младата Хариета да ја согледа тешката положба на Црнците во САД и да се соживее со нивните проблеми, а како резултат на тоа, подоцна, таа станала активен поборник за укинување на ропството. Починала на 1 јули 1896, во Хартфорд, Конектикат.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Првото издание на „Колибата на чичо Том“ од 1852 година.

Хариет Бичер Стоу стекнала светска слава со својот кус роман „Колибата на чичо Том“, објавен во 1852 година. Со текот на времето,оваа книга стекнала огромна популарност и била преведена на голем број јазици. Подоцна, таа напишала и неколку други дела, но сите тие останале во сенката на „Колибата на чичо Том“.[1]

Абрахам Линколн на средбата со неа рекол: „Значи, ова е малата женичка што ја започна оваа нова голема војна!“[2]

Х.Б. Стоу

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Глигор Поповски, „Хариета Бичер Стоу: Колибата на чичо Том“, во: Хариета Бичер Стоу, Колибата на чичо Том, Култура, Скопје, 1975, стр. 63-64.
  2. Stowe, Charles Edward Harriet Beecher Stowe: The Story of Her Life. 1911. Page 203. Kessinger Publishing. ISBN 1-4179-0213-2, 9781417902132