Николаус Ото
Изглед
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |

Николаус Аугуст Ото (14 јуни 1832 – 26 јануари 1891 ) (германски: Nicholaus August Otto) бил германски пронаоѓач и инженер кој го дизајнирал Ото-моторот - четворотактен мотор со внатрешно согорување. Ото-моторот бил пронајден во 1876 година. Иако идеите и концептот за четворотактен мотор со внатрешно согорување постоеле во времето кога Ото го развил својот пронајдок, тој бил првиот што направил практична и употреблива верзија, која е во примена и денес во речиси сите автомобили, како и во многу авиони, локомотиви, агрегати и други моторизирани уреди.
|