Рамбо Амадеус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Рамбо Амадеус (роден 14 јуни 1963 во Котор, Црна Гора) е псевдонимот на црногорскиот пеач и текстописец Антоније Пушиќ. Себеси се гледа како музичар, поет и медиски манипулатор, а се нарекува "Рамбо Амадеус светски мега цар" (RASMC). Рамбо Амадеус е многу познат на музичката сцена на поранешна Југославија.

Неговата музика е измешана од повеќе стилови: Џез и Рок, а во некои песни има додадено и "Drum and bass" позадини. Името "Рамбо Амадеус" доаѓа од John Rambo и Wolfgang Amadeus Mozart. Настапите на Рамбо Амадеус се секогаш во живо и содржат голема импровизација и хумор од сите аспекти на животот. Дел од неговите фанови го споредуваат со Frank Zappa и Captain Beefheart.

Биографија[уреди | уреди извор]

Антоније дипломирал на Природно-математичкиот факултет во Белград, на отсек туризмологија. Пред да започне со музичката кариера бил повеќекратен првак во едрење. Помеѓу 1972 и 1984, ја претставувал Југославија на неколку интернационални натпревари во едрење. Рамбо почнал да пее и да импровизира со музиката уште од почетокот на неговото средно образование, при тоа се приклучил кон бендови од Херцег Нови и Подгорица. Во 1985 се преселува во Белград каде што продолжува со школувањето, а паралелно се унапредува во музиката, со настапи и свирки со локалните бендови и музичари.

Дискографија[уреди | уреди извор]

Свои албуми

"О туго јесења“ (ПГП-РТБ, 1988.)
„Хочемо гусле“ (ПГП-РТБ, 1989.)
„Психолошко-пропагандни комплет M-91“ (ПГП-РТБ, 1991.)
„Курац, пичка, говно, сиса“ (DE Production/Master Records, 1993.) - во живо
„Лажни цар Шчепан Мали“ (DE Production, 1994.) - касета; музика за театар
„Музика за децу“ (Б92, 1995.) - музика за деца
„Титаник“ (Комуна, 1997.)
„Концерт во Куд Франц Прешерн“ - (Vinilmanija, 1997.) - во живо; наменет за словенскиот пазар
„Don't happy be worry“ (Metropolis, 2000.)
„Чобане, врати се“ (Dallas Recors, 2000.) - албумот „Don't happy be worry“ бил наменет за словенскиот пазар;
„Боље једно вруће пиво него четири ладна“ (Metropolis, 2002.) - во живо
„Опрем добро“ (Б92, 2005.)
„Хипишизик метафизик“ (ПГП-РТБ, 2008.)

Рамбо Амадеус и пријателите

„Микроорганизми“ (Комуна, 1996.) - Рамбо Амадеус и Горан Вејвода
„Метрополис Б Tour-de-force“ (Б92, 1998.) - Рамбо Амадеус и Мирослав Савиќ

Компилации

„Изабрана дела 1989-1994“ (ПГП-РТС, 1994.)
„Zbrana dela 1“ (Vinilmanija, 1998.)- наменет за словенскиот пазар;
„Zbrana dela 2“ (Vinilmanija, 1998.)- наменет за словенскиот пазар;

Албуми од други артисти во кои има учество

„КСТ уживо“ (КСТ, 1992.) - во живо
„Без струје“ (МТС, 1994.) - во живо
„Нас слушају сви, ми не слушамо никога“ (Radio Index, 1997.) - како „Рамбо Амадеус & ДЛМ“
„Држ'те их! То нису Ниет!!!“ (Vinilmanija, 1998.)