Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 144.107 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица

Алзасрегион во Франција чијашто територија зафаќа површина од 8.280 км2 и со тоа е најмал во континентална Франција. Тој е исто така и еден од седумте најгусто населени региони во Франција и трет по густина на население во континентална Франција, со околу 220 жители на km2 (вкупно население во 2006: 1.815.488; 1 јануари 2008 се проценува на: 1.836.000). Алзас се наоѓа на североисточната граница на западниот брег на горниот тек на Рајна и се граничи со Германија и Швајцарија. Најважен политички, економски и културен центар на Алзас е градот Стразбур кој воедно е и главен и најголем град на регионот. Бидејќи тој град е седиште на десетици меѓународни организации и тела, Алзас политички е еден од најзначајните региони во Европска Унија.

Траги на името „Алзас“ се гледаат во горногерманскиот збор Ali-saz или Elisaz, што значи „туѓо царство“. Алтернативното објаснување потекнува од германското Ell-sass, што значи „сместено на Ил“, река во Алзас. Регионот историски припаѓал на Светото Римско Царство. Постепено се припоил кон Франција во тек на 17 век под власта на кралевите Луј XIII од Франција и Луј XIV од Франција како една од поранешните француски провинции. Алзас честопати се споменува сврзано со Лорена, поради тоа што германската припадност на овие два региона (како империска провинција Алзас-Лорен, 1871–1918) била оспорена во 19 и 20 век, во тек на кои Алзас четири пати во тек на 75 години припаѓал последователно и на Франција и на Германија. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Ридот Капеленберг кај Ротенбург на Некар, Германија.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Главната сала на „Валхала“
Главната сала на „Валхала“
На денешен ден…

Денес е 25 мај 2024 г.

Настани:

1810  Во Рио де ла Плата (сегашна Аргентина) започна бунт против шпанскиот колонијален режим и власта ја презеде привремена влада. Овој ден се прославува како Ден на независноста на Аргентина, иако таа формално е прогласена во јули 1816 година.
1850  Во лондонската зоолошка градина пристигна Обајш, првиот нилски коњ донесен во Европа.
1895  Британскиот писател Оскар Вајлд е осуден на две години затвор поради хомосексуалност.
1911  Претседателот на Мексико, Порфирио Дејас поднесе оставка на функцијата по победата на револуционерните сили над владините трупи во граѓанската војна во државата.
1946  Парламентот на Трансјорданија го прогласува емирот Абдула I за крал.
1958  Во Гостивар почна со редовно производство фабриката за производство на огноотпорни материјали „Силика“.
1963  Во Адис Абеба заврши Самитот на африканските држави, на кој учесниците потпишаа Договор за создавање Организација на африканско единство.
1967  Селтик“ го освоил Купот на европските шампиони во фудбал, победувајќи го во финалето „Интер“ од Милано.
1977  Ливерпул“ го освоил Купот на европските шампиони во фудбал.
1979  Се случи најтешката несреќа во историјата на американското воздухопловство. Веднаш при летнувањето од чикашкиот аеродром се урна авионот „ДЦ-10“ на „Американ ерлајн“, при што загинаа 272 патници и членови на екипажот.
1985  Во Бангладеш, од тропски циклон загинуваат околу 100.000 жители
1985  Српската академија на науките и уметностите одлучува да создаде меморандум за политичката, економската, и културната положба на српскиот народ во СФРЈ.
1988  ПСВ Ајндховен“ го освоил Купот на европските шампиони во фудбал.
1997  Кинотеката на Македонија е примена за рамноправен член на Меѓународната асоцијација на филмските архиви.
2002  Авионаска несреќа на кинески авион во Тајван. Загинуваат 225 патници.
2002  Никола Груевски станува претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
2005  Ливерпул“ победил во Лигата на шампионите во фудбал, победувајќи го во финалето тимот на „Милан“.
2013  Тимот на Баерн Минхен ја освоил Лигата на шампионите.

Родени:

1802  Јохан Фридрих фон Брант — германски зоолог.
1803  Ралф Валдо Емерсон — американски предавач, есеист и поет.
1848  Хелмут фон Молтке — германски армиски началник.
1875  Петар Дрвинговполковник во бугарската армија и историчар.
1887  Свети Пио — капуцински католички свештеник од Италија.
1902  Стале Попов — македонски писател.
1948  Булент Аринч — турски политичар.
1952  Петар Стојанов — претседател на Бугарија.
1953  Даниел Пасарела — аргентински фудбалер и тренер.
1953  Гаетано Ширеја — италијански фудбалер.
1957  Едер — бразилски фудбалер.
1958  Пол Велер — англиски рок-музичар, член на групата Џем (The Jam).
1961  Тите — бразилски фудбалер и тренер.
1963  Рисима Рисимкин — македонска балерина и кореограф.
1964  Тахир Синани — поранешен член на ОНА.
1967  Фехим Хусковиќ — македонски академски сликар.
1976  Сандра Насиќ — германска пејачка, вокалистка на групата Гуано Ејпс (Guano Apes).
1979  Карлос Боканегра — американски фудбалер.
1987  Камил Штох — полски скокач со скии.
1987  Павел Атман — руски ракометар.
1987  Ијан Станард — британски велосипедист.
1999  Ибраима Конате — француски фудбалер.

Починале:

1085  Грегориј VII — римски папа.
1261  Александар IVримски папа.
1924  Љубов Попова — руска сликарка.
1926  Симон Петљура — украински политички деец.
1944  Манчу Матак — македонски комунистички деец и народен херој.
1965  Сони Бој Вилијамсон II — американски блуз-музичар.
1994  Сони Шарок — американски џез-музичар.
1995  Крешимир Ќосиќ — хрватски и југословенски кошаркар.
2001  Алберто Кордакубански фотограф, познат по неговата фотографија Guerrillero Heroico („Херојскиот герилец“) на марксистичкиот револуционер Че Гевара.
2010  Александар Белостењи — украински и советски кошаркар.
2010  Ерих Кош — српски и југословенски писател.

Празници:

Ден на младоста во СФРЈ
Ден на независноста на Аргентина
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич