25 мај (настани)
Изглед
| 1810 | Во Рио де ла Плата (сегашна Аргентина) започна бунт против шпанскиот колонијален режим и власта ја презеде привремена влада. Овој ден се прославува како Ден на независноста на Аргентина, иако таа формално е прогласена во јули 1816 година. |
| 1850 | Во лондонската зоолошка градина пристигна Обајш, првиот нилски коњ донесен во Европа. |
| 1895 | Британскиот писател Оскар Вајлд е осуден на две години затвор поради хомосексуалност. |
| 1911 | Претседателот на Мексико, Порфирио Дејас поднесе оставка на функцијата по победата на револуционерните сили над владините трупи во граѓанската војна во државата. |
| 1946 | Парламентот на Трансјорданија го прогласува емирот Абдула I за крал. |
| 1958 | Во Гостивар почна со редовно производство фабриката за производство на огноотпорни материјали „Силика“. |
| 1963 | Во Адис Абеба заврши Самитот на африканските држави, на кој учесниците потпишаа Договор за создавање Организација на африканско единство. |
| 1967 | „Селтик“ го освоил Купот на европските шампиони во фудбал, победувајќи го во финалето „Интер“ од Милано. |
| 1977 | „Ливерпул“ го освоил Купот на европските шампиони во фудбал. |
| 1979 | Се случи најтешката несреќа во историјата на американското воздухопловство. Веднаш при летнувањето од чикашкиот аеродром се урна авионот „ДЦ-10“ на „Американ ерлајн“, при што загинаа 272 патници и членови на екипажот. |
| 1985 | Во Бангладеш, од тропски циклон загинуваат околу 100.000 жители |
| 1985 | Српската академија на науките и уметностите одлучува да создаде меморандум за политичката, економската, и културната положба на српскиот народ во СФРЈ. |
| 1988 | „ПСВ Ајндховен“ го освоил Купот на европските шампиони во фудбал. |
| 1997 | Кинотеката на Македонија е примена за рамноправен член на Меѓународната асоцијација на филмските архиви. |
| 2002 | Авионаска несреќа на кинески авион во Тајван. Загинуваат 225 патници. |
| 2002 | Никола Груевски станува претседател на ВМРО-ДПМНЕ. |
| 2005 | „Ливерпул“ победил во Лигата на шампионите во фудбал, победувајќи го во финалето тимот на „Милан“. |
| 2013 | Тимот на Баерн Минхен ја освоил Лигата на шампионите. |