Тахир Синани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тахир Синани
Tahir Sinani
РодUshtria Clirimtare Kombetare.jpg ОНА
Битки/војниВоен конфликт во Македонија, 2001

Тахир Синани (албански: Tahir Sinani; 25 мај 1964) бил поранешен член на ОНА.

Завршил како резервен офицер во Тирана. Подоцна станал капетан. Во редовите на ОВК се приклучил на 4 ноември 1998 година, раководејќи со Единицата за брза интервенција. Штабот на ОНА во Косово, гледајќи ја неговата способност за раководење и управување го назначил заменик-командант на бригада, а по кратко време и командант на бригада во Бригадата 122.

Подоцна бил назначен за командант на Оперативната зона на Паштрик. По крајот на војната во Косово, во Призрен бил назначен за командант на зоната за претворање на ОВК во КЗК. Подоцна бил назначен за командант на Центарот за обука „Агим Рамадани”, паднат борец од Косовската војна, и со создавањето на Академијата за одбрана во Приштина, бил именуван како предавач во Академија.

Тој директно помогнал во организирањето и управувањето на војната на ОВПМБ во Источно Косово. Пролетта од 2001 година се приклучил кон редовите на ОНА, во зоната на Гостивар како командант на Бригадата 116. Додаден како терорист во листите на ЕУ од 16 јули 2001[1] и листите на Македонија од 27 јули 2001[2].

Заедно со уште четри членови на ОНА загинал во подготовка на експлозивни направи.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Европска црна листа“ (македонски). конс. 2010-12-25. 
  2. „македонска црна листа“ (македонски). конс. 2010-12-25.