Општина Гевгелија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
Ред 121: Ред 121:
Во центарот на Гевгелија се наоѓа Народната библиотека "[[Гоце Делчев]]". Зградата е изградена од некој способен мајстор во [[1912] година, по нарачка на некој Турчин. Се претпоставува дека мајсторот од [[Дебар]] бил баран и од други чорбаџии, па така, Гевгелија ја красат неколку конаци (Сеизов конак, Андреев конак, Владев конак итн.). Исто така, во Гевгелија се наоѓа Амам (Турска бања) од 19 век.
Во центарот на Гевгелија се наоѓа Народната библиотека "[[Гоце Делчев]]". Зградата е изградена од некој способен мајстор во [[1912] година, по нарачка на некој Турчин. Се претпоставува дека мајсторот од [[Дебар]] бил баран и од други чорбаџии, па така, Гевгелија ја красат неколку конаци (Сеизов конак, Андреев конак, Владев конак итн.). Исто така, во Гевгелија се наоѓа Амам (Турска бања) од 19 век.


Библиотеката во Гевгелија е формирана [[1945]] година, со почетен фонд од 500 книги. Денес, таа располага со над 70 000 книги, со 1 000 томови весници и списанија, околу 400 ретки книги и 200 наслови од роднокрајни автори. Тука се наоѓа и еден од оригиналите на книгата "Огледало" од [[Кирил Пејчинович]], отпечатена [[1816]] година во [[Будим]].
Библиотеката во Гевгелија е формирана [[1945]] година, со почетен фонд од 500 книги. Денес, таа располага со над 70 000 книги, со 1 000 томови весници и списанија, околу 400 ретки книги и 200 наслови од роднокрајни автори. Тука се наоѓа и еден од оригиналите на книгата "Огледало" од [[Кирил Пејчиновиќ]], отпечатена [[1816]] година во [[Будим]].


Владовиот конак е изграден [[1906]] година, а во [[1992]] година бил пренаменет во Народен музеј. Во него се сместени повеќе одделенија од [[прaисторија]]та, [[антика|античкиот]] период, но и [[етнологија|етнолошка]] и [[историја|историска]] збиркa . Огромен број раритети кои потекнуваат од 8 до 4 век пред нашата ера, се најдени на локалитетите: Сува Река, Милци, Бишов Јавор и Парагон, а дел од нив нашле свое место во депоата на музејот во Гевгелија.
Владовиот конак е изграден [[1906]] година, а во [[1992]] година бил пренаменет во Народен музеј. Во него се сместени повеќе одделенија од прaисторијата, [[антика|античкиот]] период, но и [[етнологија|етнолошка]] и [[историја|историска]] збиркa . Огромен број раритети кои потекнуваат од 8 до 4 век пред нашата ера, се најдени на локалитетите: Сува Река, Милци, Бишов Јавор и Парагон, а дел од нив нашле свое место во депоата на музејот во Гевгелија.


Предметите што се пронајдени зборуваат за цивилизацијата која го достигнала врвот во материјалната и духовната култура. Во посебни магацински простории се откриени огромни питоси за [[жито]], [[вино]] или [[масло]], мегарскa чашa со симбол на македонскиот штит, сребрени монети со ликот на [[Александар Македонски]], како и аморфи за вино, садови за миризливи масла, и други раритети од класичниот и предримски период.
Предметите што се пронајдени зборуваат за цивилизацијата која го достигнала врвот во материјалната и духовната култура. Во посебни магацински простории се откриени огромни питоси за [[жито]], [[вино]] или [[масло]], мегарскa чашa со симбол на македонскиот штит, сребрени монети со ликот на [[Александар Македонски]], како и аморфи за вино, садови за миризливи масла, и други раритети од класичниот и предримски период.

Преработка од 23:41, 1 април 2018

Предлошка:Инфокутија Општини во Македонија

Карта на Општина Гевгелија со селските атари.
Демографска карта на Општина Гевгелија со селските атари.

Општина Гевгелија — единица на локалната самоуправа во југоисточниот дел на Република Македонија.

Географија

Општина Гевгелија се наоѓа во крајниот југоисточен дел на Република Македонија, односно во јужниот дел на Повардарието и граничи со Грција. Општината се простира на простор од 485 квадратни километри, а нејзино седиште е градот Гевгелија. Општината е сместена во Гевгелиско - валандовската котлина. Низ централното подрачје на општината, во правецот север-југ, поминува Коридорот 10. Според релјефот, просторот на општината може да се подели на неколку комплекси: рамничарски, падински, ридски и планинаски. Од вкупната површина на општината, 28 350 хектари отпаѓаат на шуми, 2 652 хектари се пасишта, а обработливата површина зафаќа 7 800 хектари.[1]

Климатски карактеристики

Поради широката отвореност на Вардарската Долина кон Солунското Поле, општината Гевгелија е под силно влијание на медитеранската клима. Ова влијание е особено изразено во котлинскиот дел, до надморска височина од 300 метри, а во малку изменета форма се чувствува и во ридското подрачје, до надморска височина од 600 метри. Планинската клима преовладува само на повисоките делови на планината Кожуф.

Вкупниот број сончеви часови во годината изнесува 2 392 и, во тој поглед, со општината Гевгелија може да се споредат само неколку места крај Јадранското море и крај Средоземното Море. Просечната годишна температура во Гевгелија изнесува 14,3 °C, при што, најстудениот месец во годината е јануари, со просечна температура од 3,2 °C, а најтоплиот месец е јули, со просечна температура од 25,7 °C. Во општината Гегелија, просечното годишно количество врнежи изнесува 745,2 м³. Распоредот на врнежите не е рамномерен, туку најмногу врнежи има во есен, а најмалку во лето. Во општината, најмногу дуваат ветровите Вардарец (кој дува од северен правец) и Југ (кој дува од југоисточен правец).[2]

Хидрографија

Општината Гевгелија се протега на дел од сливот на долниот тек на реката Вардар, во кој се влеваат повеќе водотеци, како: Сува река, Коњска река, Мрзенска река, Кованска река, Зуица, Петрушка река и Јаворица. Исто така, општината е богата со извори на минерална и термоминерална вода. Така, еден од најпознатите извори на минерална вода се наоѓа кај месноста Смрдлива Вода, додека кај Негорски бањи и во близината на селото Смоквица се наоѓаат богати извори на термоминерална вода. Термоминералните води во овие локалитети се одликуваат со голема издашност, пријатна температура и богат минерален состав на водата. Во Негорски бањи постојат два хипертермални извори, со температура на водата од 41 и 36 целзиусови степени, како и термоминерално блатиште со температура од 400 степени. Минералните извори кај Смрдлива Вода се со издашност од 0,2 литри во секунда и температура на водата од 110 целзиусови степени, додека изворите на минералните води кај месноста Кисела вода имаат издашност од еден литар во секунда и температура од 4 целзиусови степени.[3]

Историja

Според старите хроники, Гевгелија почнала да добива градски лик кон средината на 19 век, кога биле изградени бројни анови за потребите на патниците кои патувале за Блискиот исток. Голема улога во развојот на Гевгелија имала изградбата на железничката пруга Солун-Скопје во 1873 година. Вистински градски лик Гевгелија добила во 1886 година, кога во административно-управен поглед станала средиште на посебна каза-Гевгелиска, која била дел од Солунскиот вилает.[4]

Економија

Уште во 19 век, во Гевгелија заживеале производството и трговијата со земјоделски производи кои се извезувале преку солунското пристаниште. Меѓутоа, стопанскиот развој на Гевгелија започнал поинтензивно да се развива во периодот од 1860 до 1912 година, кога се развило мануфактурното и индустриското производство (свила, афион, вино, памук и тутун), а градот обилувал со многубројни занаетчиски дуќани: чевларски, коларски, столарски, самарџиски, кројачки итн. За стопанскиот развој на Гевгелија помогнала изградбата на железничката пруга Солун-Скопје во 1873 година.[5]

Пријатната медитеранска клима ја прави општината еден од центрите на земјоделското производство во Македонија. Притоа, во рамничарските и падинските предели претежно се одгледуваат раноградинарски култури (домати, краставици, пиперки, зелка, кромид итн.), некои житни култури и насади на винова лоза. Во риските подрачја преовладуваат житни и фуражни култури, насади на винова лиза и пасишта, додека во планинските подрачја доминираат шуми и пасишта.

Поради поволната клима, богатството со термални води, близината на планината Кожуф и близината на границата со Грција, во Општина Гевгелија постојат поволни услови за развој на туризмот и угостителството. Така, според податоците од Пописот на капацитетите во угостителството од 2008 година, во општината имало 104 угостителски објекти, од кои 96 биле ресторани, кафе-барови и слични објекти за исхрана. Истовремено, во општината делуваат 12 објекти за сместување, и тоа:[6]

  • Хотел „Аполонија“ со 80 легла,
  • Хотел „Фламинго“ со 118 легла,
  • Хотел „Принцес“ со 160 легла,
  • Хотел „Пелагонија“ со 120 легла,
  • Хотел „Нар“ со 66 легла,
  • Хотел „Јасен“ - Негорски бањи со 126 легла,
  • Хотел „Илинден“ - Негорски бањи со 88 легла,
  • Хотел „Бужор“ - Негорски бањи со 68 легла,
  • Мотел "„[Вардар]]“ со 57 легла,
  • Ноќевалиште „Ашик“ со 36 легла,
  • Одморалиште „Смрдлива Вода“ со 30 легла,
  • Ски Кожуф“ со 100 легла.

Во близината на Гевгелија се наоѓаат познатите Негорски Бањи кои претставуваат еден од најважните туристичко-рекреативни центри во Македонија од областа на бањскиот туризам. Исто така, на планината Кожуф работи новоотворениот скијачки центар. Најпосле, во околината на Гевгелија работат повеќе казина, кои привлекуваат голем број гости од Грција.


Работната сила во општината Гевгелија ја сочинуваат 11 229 лица, од кои, 8 679 лица се вработени, а 2 550 се водат како невработени (од кои, 1 035 се жени). Стапката на вработеност во општината изнесува 77,3% и претставува една од највисоките во Македонија, а истовремено, општината се наоѓа на последното место во Македонија според стапката на невработеност, која изнесува 22,7%. Притоа, структурата на невработеноста е прилично неповолна, бидејќи најголем дел од невработените (1 526 лица) се одликуваат со ниски квалификации (имаат завршено основно образование), 778 невработени се со средно образование, 72 со вишо и 174 со високо образование.[7]

Демографија

Општината брои 22 988 жители, а просечната густина на населението изнесува 47 жители на квадратен километар, што е далеку помалку од густината на населението во Македонија. Притоа, националната структура на населението ја сочинуваат:

Етнички состав
Македонци
  
96,82 %
Албанци
  
0,03 %
Турци
  
0,13 %
Роми
  
0,06 %
Срби
  
1,60 %
Бошњаци
  
0,02 %
Власи
  
0,93 %
други
  
0,40 %


Во вкупното население, учеството на мажите и жените е речиси подеднакво, т.е. 11 420 се мажи (49,7%), а 11 568 се жени (50,3%). Во однос на старосната структура, 3 835 жители (16,7%) се на возраст од 0 до 14 години, 16 498 жители (71,8%) се на возраст од 16 до 64 години, а 2 648 (11,5%) се постари од 65 години.[8]


Во состав на општината Гевгелија влегуваат 17 села: Богородица, Габрово, Давидово, Кованци, Конско, Моин, Милетково, Миравци, Мрзенци, Негорци, Ново Коњско, Петрово, Прдејци, Серменин, Смоквица и Хума.

Администрација и политика

Општинската администрација ги извршува работите од надлежност на органите на општината. Во согласност со Законот за локална самоуправа и процесот на децентрализацијата, општинската администрација во Општина Гевгелија е организирана во следниве сектори и одделенија:

Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина со следниве одделенија:
Одделение за урбанизам, архитектура, градежништво и заштита на животната средина
Одделение за комунални работи и локални патишта

Сектор за јавни дејности и траен развој со следниве одделенија:
Одделение за јавни дејности
Одделение за развој и прекугранична соработка

Сектор за административни, информациони и финансиски работи со следниве одделенија:
Одделение за правни и општи работи
Одделение за буџет и приходи
Одделение за административно технички работи.

Културни и природни знаменитости

Во центарот на Гевгелија се наоѓа Народната библиотека "Гоце Делчев". Зградата е изградена од некој способен мајстор во [[1912] година, по нарачка на некој Турчин. Се претпоставува дека мајсторот од Дебар бил баран и од други чорбаџии, па така, Гевгелија ја красат неколку конаци (Сеизов конак, Андреев конак, Владев конак итн.). Исто така, во Гевгелија се наоѓа Амам (Турска бања) од 19 век.

Библиотеката во Гевгелија е формирана 1945 година, со почетен фонд од 500 книги. Денес, таа располага со над 70 000 книги, со 1 000 томови весници и списанија, околу 400 ретки книги и 200 наслови од роднокрајни автори. Тука се наоѓа и еден од оригиналите на книгата "Огледало" од Кирил Пејчиновиќ, отпечатена 1816 година во Будим.

Владовиот конак е изграден 1906 година, а во 1992 година бил пренаменет во Народен музеј. Во него се сместени повеќе одделенија од прaисторијата, античкиот период, но и етнолошка и историска збиркa . Огромен број раритети кои потекнуваат од 8 до 4 век пред нашата ера, се најдени на локалитетите: Сува Река, Милци, Бишов Јавор и Парагон, а дел од нив нашле свое место во депоата на музејот во Гевгелија.

Предметите што се пронајдени зборуваат за цивилизацијата која го достигнала врвот во материјалната и духовната култура. Во посебни магацински простории се откриени огромни питоси за жито, вино или масло, мегарскa чашa со симбол на македонскиот штит, сребрени монети со ликот на Александар Македонски, како и аморфи за вино, садови за миризливи масла, и други раритети од класичниот и предримски период.

На влезот од Гевгелија, на десната страна од реката Вардар се наоѓа месноста Вардарски Рид. Тука се направени археолошки ископувања за откривање на антички градби од V век п.н.е., за кои не е познато, дали се работи за античка Атaланта или Гортинија.

На локалитот Мрзенски Рид се наоѓа Споменик на Слободата.

Личности

Култура и спорт

На почетокот на 18 век, од Божиќ до Водици, во центарот на Гевгелија се собирале русалиските дружини, кои по звуците на тапанот и зурлите го изведувале традиционалното русалиско оро. Одбрани момчиња, на возраст од 20-40 години, облечени во русалиска облека низ игра го демонстрирале своето витештво.

Русалиското оро се уште се игра во Гевгелија, благодарејќи на момчињата од фолклорната група "КУД Јосиф Јосифовски", која е формирана во 1970 година. Фолклорната група има одржано повеќе од 1 500 концерти во Македонија и во странство, а дбитник е на многу меѓународни награди и признанија, како и на наградата "7 ноември" на градот Гевгелија.

Првите театарски претстави во Гевгелија биле одржани во 1908 година, а четириесет години подоцна градот добил репрезентативна зграда на Народниот театар. Во Гевгелија, секоја година се одржуваат повеќе културни манифестации, како што се: Априлијадата за Денот на шегата, Интернационалниот музички фестивал Калинка, Гевгелиското културно лето ТРБА ТРБИ.

Ликовното творештво, од година во година се збогатува со меѓународната Графичка колонија Гевгелија и меѓународната ликовна колонија Дојрана.

Покрај богатата културна традиција, во Гевгелија се негува и спортот, преку унапредување на популарните спортови, но и омасовување на физичката култура. Во Гевгелија е изградена модерна спортска сала. Во близина на центарот на градот се наоѓа фудбалско игралиште. Традиционално, секоја година, во организација на Здружението на возачи "Дичо Панов", на патеката Милци се одржуваат балкански првенства во мото-кросови.

Наводи

  1. Туристички акционен план на општина Гевгелија и општина Валандово, Гевгелија: Фондација за локален и ИТ развој - Гевгелија, декември 2010, стр. 11.
  2. Туристички акционен план на општина Гевгелија и општина Валандово, Гевгелија: Фондација за локален и ИТ развој - Гевгелија, декември 2010, стр. 12-13.
  3. Туристички акционен план на општина Гевгелија и општина Валандово, Гевгелија: Фондација за локален и ИТ развој - Гевгелија, декември 2010, стр. 13-15.
  4. Туристички акционен план на општина Гевгелија и општина Валандово, Гевгелија: Фондација за локален и ИТ развој - Гевгелија, декември 2010, стр. 15.
  5. Туристички акционен план на општина Гевгелија и општина Валандово, Гевгелија: Фондација за локален и ИТ развој - Гевгелија, декември 2010, стр. 15.
  6. Туристички акционен план на општина Гевгелија и општина Валандово, Гевгелија: Фондација за локален и ИТ развој - Гевгелија, декември 2010, стр. 10.
  7. Туристички акционен план на општина Гевгелија и општина Валандово, Гевгелија: Фондација за локален и ИТ развој - Гевгелија, декември 2010, стр. 16-17.
  8. Туристички акционен план на општина Гевгелија и општина Валандово, Гевгелија: Фондација за локален и ИТ развој - Гевгелија, декември 2010, стр. 16.

Надворешни врски