Разговор со корисник:Sasobtmk
Добре дојде!
Здраво, Sasobtmk, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:
Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}}
пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде!
Неколку корисни совети
[уреди извор]Здраво Sasobtmk и добре дојде на Википедија! Вашите уредувања се од особено значење за развивање на една што поцелосна и поквалитетна слободна енциклопедија на македонски јазик. Би сакал да ви укажам на неколку работи при уредувањето на статиите.
Прво, статиите треба да се категоризираат, што значи дека на крајот од статијата треба да се постави следниот текст - на пример, статиите што ги пишувате за населбите во Битола треба да ја имаат следната постоечка категорија на македонската Википедија:
[[Категорија:Населби и маала во Битола]]
За статии за градови во било која држава, пожелно би било да се постави категоријата:
[[Категорија:Градови во (таа и таа држава)]]
Секако, Вие можете и да создадете категории доколку постои (или е многу веројатно дека ќе постои) група од повеќе статии со слична тематика (за подетално, видете тука).
Второ, во статиите треба да има внатрешни врски (линкови). За ова подетално видете овде и овде. Освен внатрешни, треба да постојат и меѓујазични (интервики) врски, кои лесно се копираат од соодветната статија на англиската Википедија. На пример, за статијата Епинал, соодветните меѓујазични врски ги копираме од најдолу во статијата на англиската Википедија и ги поставуваме на соодветната статија на македонската Википедија; неколку од нив се:
[[ar:إبينال]]
[[cs:Épinal]]
...
Исто така, не заборавајте во англиската статија да додадете едно [[mk:Име на нашата статија]]
, подредено по абецедниот ред, за да има врска и до нашата статија.
И како последно, но не и небитно, статиите мора да бидат долги барем неколку реченици и да бидат доволно значајни за да можат да дадат основни енциклопедиски информации. Тоа е она воглавно на што сакав да Ви укажам; доколку има проблеми од било кој тип, чувствувајте се слободни да ме прашате мене или било кој друг од администраторите. Поздрав. -- Бојан имаш за кажување? 11:06, 9 август 2010 (CEST)
Награда
[уреди извор]Ве охрабрувам да продолжите со уредувањето на нови содржини и понатаму. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:35, 13 август 2011 (CEST)
Карипски острови
[уреди извор]Здраво. Ги имате моите пофални зборови за уредувањето на нови статии за карипските острови. Забележувам дека додавате и врски кон другите јазични изданија на Википедија, што е одлична работа. Би Ве посоветувал уште ако може почетниот збор во секоја статија да го пипшувате со задебелен текст, со што би го потцртал значењето на насловот и темата во статијата. Исто така, добро е да додавате категории веднаш под содржината на статиите. Како пример може да ги земете последните статии кои ги уредивте, во кои ги вметнав овие работи. Доколку имате нешто што Ве интересира во врска со уредувањето, слободно прашајте ме. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:51, 16 август 2011 (CEST)
Категории
[уреди извор]Здраво, како што пред некое време ти пишал друг корисник, еве и јас ти напоменувам дека при создавањето на статиите задолжително мораш да додаваш категории на крајот на статијата. Категориите се разликуваат од статија до статија и најчесто треба да соодвествуваат на темата што се обработува. Па така доколку пишуваш за град во Норвешка, најдолу вметнуваш Категорија:Градови во Норвешка и некои други.--Ehrlich91 (разговор) 23:17, 13 декември 2013 (CET)
Уредувачки маратон
[уреди извор]Здраво, со задоволство Ве повикуваме на првиот уредувачки маратон организиран на тема „Земјите на Олимписките игри“ од страна на здружението „Споделено знаење“ составено од Википедијанци и насочено кон развивање на Википедија на македонски јазик. Маратонот ќе се одржи на 6 декември 2014 година (сабота) во интернет-кафулето „Хазард“ (види карта) со почеток од 13:00 часот, кој е предвидено да трае околу три часа. Повелете на дружба со останатите Википедијанци и заедничко уредување статии и збогатување на нашата Википедија. Поздрав--Ehrlich91 (разговор) 17:46, 30 ноември 2014 (CET)
Златна тегла ајвар за Вас!
[уреди извор]тест :) Beclievski (разговор) 23:56, 8 јануари 2015 (CET) |
Николаj Носков
[уреди извор]Здраво драги Sasobtmk! Јас за да нарачате: можете да го направите на вашиот македонски јазик со atyu за рускиот музичар Николај Носков? ако се направи овој напис, јас ќе бидам многу благодарен! Ви благодариме! --Anna Jarvinen (разговор) 15:16, 10 август 2016 (CEST)
Уредувачки натпревар за вулкани
[уреди извор]Здраво, во текот на целиот декември се одржува уредувачки натпревар насочен кон пишување статии за вулкани од сите земји во светот, со што би се зголемил опфатот на нашата Википедија на оваа тема. За најдобрите тројца уредници, како и за најдобрата статија и за оној кој ќе напише најмногу статии за вулкани од различни земји, обезбедени се награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. --MediaWiki message delivery (разговор) 18:11, 4 декември 2017 (CET)
1000 статии што секоја Википедија мора да ги има
[уреди извор]Здраво, во текот на од 5 февруари до 4 март ќе се уредувачки натпревар со цел создавање и подобрување на статии на тема „1000 статии што секоја Википедија мора да ги има“. Според овој критериум, македонската Википедија се наоѓа на 37. место и целта на натпреварот е да го подигнеме квалитетот на нашата Википедија, создавајќи и подобрувајќи статии кои се оценети како неопходни од целокупната заедница. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 22:54, 31 јануари 2018 (CET)
Почеток на регионалниот натпревар СИЕ Пролет 2018
[уреди извор]Здраво, во текот од 21 март до 31 мај ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2018“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 22:14, 19 март 2018 (CET)
Земете учество во натпреварот за средување на статии на нашата Википедија
[уреди извор]Здраво, еден месец со почеток од 1 септември ќе трае уредувачкиот натпревар „Временски периоди“, чија цел е да се средат илјадниците постоечки статии поврзани со години, векови, години во области и слично. За натпреварот се обезбедени и награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 21:00, 2 септември 2018 (CEST)
Регионален натпревар СИЕ Пролет 2019
[уреди извор]Здраво, во периодот од 21 март до 20 април ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2019“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.
Да ги средиме статиите за државите во светот
[уреди извор]Здраво, те повикувам да се приклучиш на натпреварот „Држави во светот“ и да ги подобриме статиите за државите во светот во периодот од 1 до 31 јули, со кој сакаме да ги подобриме статиите за државите во светот на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 16:44, 29 јуни 2019 (CEST)
Нов уредувачки натпревар
[уреди извор]Здраво, те повикувам да се приклучиш на натпреварот „Автомобили“ и да создадеме повеќе статии за автомобилските модели во периодот од 20 септември до 19 октомври, со кој сакаме да создадеме нови содржини за оваа тема на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.--MediaWiki message delivery (разговор) 22:35, 17 септември 2019 (CEST)
Ракомет
[уреди извор]Здраво, како што во Македонија е особено популарен ракометот, а темата на Википедија е доста слабо покриено, дојдовме до идеја да организираме уредувачки натпревар на тема „Ракомет“, со цел да ги подобриме постоечките статии, но и да создадеме нови. Натпреварот ќе се одржува цел декември. Има обезбедено награди за учество во натпреварот. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земи учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.--MediaWiki message delivery (разговор) 12:23, 30 ноември 2019 (CET)
Земи учество во СИЕ Пролет 2021
[уреди извор]Здраво, во периодот од 1 до 30 април ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2021“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.MediaWiki message delivery (разговор) 21:03, 3 април 2021 (CEST)