Ново Конско

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ново Коњско)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ново Конско
Ново Коњско
Викиекспедиција Бојмија 019.jpg

Новоизградената црква „Св. Димитриј“ над селото

Ново Конско се наоѓа во Republic of Macedonia
Ново Конско
Местоположба на Ново Конско во Македонија
Координати 41°12′00″ СГШ 22°24′00″ ИГД / 
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Coat of arms of Gevgelija Municipality.svg Гевгелија
Област Бојмија
Население 136[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1480
Повик. бр. 034
Надм. вис. 133 м
Commons-logo.svg Ново Конско на Ризницата


Ново Конско или Ново Коњско (до 1973 година наречено Горничет) — новосоздадено село во Општина Гевгелија, во областа Бојмија, во околината на градот Гевгелија.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Патот до црквата, сместена над селото

Населбата се наоѓа во областа Бојмија, во средишниот дел на територијата на Општина Гевгелија. Ова новосоздадено село е сместено северозападно од градот Гевгелија, на патот којшто води кон селото Конско.[2]

За селото не се водело посебна катастарска евиденција.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Горничет било целосно турско село во рамките на Гевгелиската каза на Отоманското Царство.

До 1973 година, името на селото било Горничет, кое било променето во сегашното.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има полјоделско-сточарска функција.[2]

Во Ново Конско развиено е полјоделството (домати, краставици, винова лоза итн.) и сточарството.

Стопанството, но и целото село, трпи големи загуби од елементарните непогоди - се случува надојдената вода од поплавите да ги однесе пластениците, да дојде до прекин на водоснабдувањето, рушење на мостовите кон регионалните патишта итн.

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Горничет имало 1.100 жители, сите Турци.[4]

Во 1971 година селото броело 219 жители,[5] додека во 1994 година имало 145 жители, од кои 141 Македонец и 4 Срби.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Ново Конско имало 136 жители, од кои 134 Македонци и 2 Срби.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 1.100 236 298 279 224 219 147 145 136
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Гевгелија, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Миравци. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Гевгелија.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Горничет, во која влегувале селата Горничет, Конско, Моин и Хума.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Гевгелиска градска општина, во која покрај селото Конско се наоѓале градот Гевгелија и селата Горничет, Конско, Моин, Мрзенци и Хума.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Гевгелија.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[9]
Реки[10]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“. Завод за статистика на Македонија. 2002. http://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaX.pdf. посет. 6 јуни 2017 г. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 212. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 6 јуни 2017 г. 
  3. Службен весник на Социјалистичка Република Македониjа, година ХХІХ, број 38, петок, 9 ноември 1973.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 152.
  5. Погрешно употребено во книгата на авторот Митко Панов дека за прв пат е заведено во статистиката во 1971 г.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__PopisNaNaselenie__PopisiNaseleniMesta/Popisi_nm_1948_2002_NasPoVozrPol_mk.px/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef. 
  9. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  10. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 37. ISBN 978-9989-2117-6-8. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Реките_во_Македонија.pdf?uselang=mk. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]