Теодосиј I: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
{{Infobox monarch
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
|name = Theodosius I
{{Инфокутија за личност
|full name = Flavius Theodosius (from birth to accession);
Flavius Theodosius Augustus (as emperor)
| име=Теодосиј I

|title = 67th [[Roman Emperor|Emperor]] of the [[Roman Empire]]
| портрет=Theodosius I. Roman Coin.jpg
|image = File:Disco o Missorium Teodosio MPLdC.jpg
| опис=Цар на [[Римска империја|Римската империја]]
|imgw = 300px
| наставка=
|caption = Theodosius
| роден-дата= [[347]]
|reign = 19 January 379 – 15 May 392 (emperor in the [[Eastern Roman Empire|East]];
15 May 392 – 17 January 395 (whole empire)
| роден-место= [[Шпанија]]
|predecessor = [[Valens]] in the [[Eastern Roman Empire|East]]
[[Gratian]] in the [[Western Roman Empire|West]]
[[Valentinian II]] in the [[Western Roman Empire|West]]
| починал-дата= [[395]]
|successor = [[Arcadius]] in the [[Eastern Roman Empire|East]];
[[Honorius (emperor)|Honorius]] in the [[Western Roman Empire|West]]
| починал-место= [[Милано]], денешна [[Италија]]
|spouse = 1) [[Aelia Flaccilla]] (?–385)
2) [[Galla (wife of Theodosius)|Galla]] (?–394)

|issue = [[Arcadius]]
[[Honorius (emperor)|Honorius]]
[[Pulcheria (daughter of Theodosius I)|Pulcheria]]
[[Galla Placidia]]
|dynasty = [[Theodosian dynasty|Theodosian]]
|father = [[Count Theodosius|Theodosius the Elder]]
|mother = Thermantia
| religion = [[Nicene Christianity]]
|birth_date = {{Birth date|347|1|11|df=y}}
|birth_place = [[Coca, Segovia|Coca]], modern [[Spain]]
|death_date = {{Death date|395|1|17|df=y}} (aged 48)
|death_place = [[Milano|Mediolanum]]
|place of burial = [[Constantinople]], [[Eastern Roman Empire]]

'''Теодосиј I''' ([[латински]]: ''Flavius ​​Theodosius'', [[грчки]]: ''Θεοδόσιος Α'' '), познат како Теодосиј Велики, бил римски император во периодот од [[379]] до [[395]] година. Тој е најдобро познат по наметнувањето на [[христијанство|христијанската религија]] и решителната забрана на сите други религии во империјата. Теодосиј е последниот римски император кој владеел со целата [[Римска империја]], откако ја обединил за последен пат, само неколку месеци пред неговата смрт во почетокот на [[395]] година. По неговата смрт, империјата засекогаш била поделена на два дела - источна и западна.
'''Теодосиј I''' ([[латински]]: ''Flavius ​​Theodosius'', [[грчки]]: ''Θεοδόσιος Α'' '), познат како Теодосиј Велики, бил римски император во периодот од [[379]] до [[395]] година. Тој е најдобро познат по наметнувањето на [[христијанство|христијанската религија]] и решителната забрана на сите други религии во империјата. Теодосиј е последниот римски император кој владеел со целата [[Римска империја]], откако ја обединил за последен пат, само неколку месеци пред неговата смрт во почетокот на [[395]] година. По неговата смрт, империјата засекогаш била поделена на два дела - источна и западна.

Преработка од 15:31, 17 јули 2015

Theodosius I
67th Emperor of the Roman Empire
Theodosius
На престол19 January 379 – 15 May 392 (emperor in the East;
15 May 392 – 17 January 395 (whole empire)
ПретходникValens in the East
Gratian in the West
Valentinian II in the West
НаследникArcadius in the East;
Honorius in the West
Роден(а)11 јануари 347(347-01-11)
Coca, modern Spain
Починал(а)17 јануари 395(395-01-17) (aged 48)
Mediolanum
Почивалиште
Сопружник1) Aelia Flaccilla (?–385)
2) Galla (?–394)
ДецаArcadius
Honorius
Pulcheria
Galla Placidia
Полно име
Flavius Theodosius (from birth to accession);
Flavius Theodosius Augustus (as emperor)
ДинастијаTheodosian
ТаткоTheodosius the Elder
МајкаThermantia
ВероисповедNicene Christianity

Теодосиј I (латински: Flavius ​​Theodosius, грчки: Θεοδόσιος Α '), познат како Теодосиј Велики, бил римски император во периодот од 379 до 395 година. Тој е најдобро познат по наметнувањето на христијанската религија и решителната забрана на сите други религии во империјата. Теодосиј е последниот римски император кој владеел со целата Римска империја, откако ја обединил за последен пат, само неколку месеци пред неговата смрт во почетокот на 395 година. По неговата смрт, империјата засекогаш била поделена на два дела - источна и западна.

Роден во 347 година во градот се наоѓа во денешната област Сеговија, Шпанија, во аристократско христијанско семејство, Теодосиј од млад станал голем следбеник на православното христијанство. Татко му Флавиј Теодосиј е брилијантен војвода, постигнал голем број успеси на бојното поле во Британија, Мавританија и Дунавската граница. Младиот Теодосиј се појавил за прв пат под команда на неговиот татко во 374 година каде бил назначен за дук на Мизија. Во времето кога неговиот татко бил погубен по наредба на императорот Грацијан во 376 година, идниот император Теодосиј се повлекол од функцијата и живеел во својата родна провинција.

По катастрофалната битка кај Адријанопол во август 378 година, империјата паднала во критична ситуација. Источниот император Валенс загинал во битката, победените легии биле неорганизирани, балканските провинции страдале од инвазијата на разбеснетите Готи. Самата престолнина Константинопол била ставена под голема закана.

Упавување

Инфилтрирањето на Готите во Тракија, по крупната победа против источниот император Валенс кај Адријанопол, значително ја променило ситуацијата во империјата.

Во функција на поефективно менаџирање на готскиот проблем, западниот император Грацијан (367–383) за нов источен император го назначил Теодосиј I (379–395). За таа цел, покрај источниот дел од империјата, на Теодосиј привремено му била доверена и формалната воено-административна одговорност за целата префектура Илирик. Својата воено-политичка и идеолошка активност од самиот почеток Теодосиј ја фокусирал врз Балканот, промовирајќи го Солун во привремено императорско седиште (379 г.). Истовремено во Солун било трансферирано и седиштето на префектурата Илирик од Сирмиум. По првичниот успех во воениот ангажман против Готите на Балканот, пролетта 380 г., Теодосиј претрпел понижувачки пораз. Есента истата година заболениот император во Солун лично бил покрстен од епископот Ахолиј. Ваквиот чин бил комплементарен со Теодосиевиот едикт публикуван во Солун (февруари 380 г.), што претставувало промоција на доминацијата на Никејската догма во Империјата. По повлекувањето на Теодосиј во Константинопол (ноември 380 г.), одговорноста во разрешувањето на готската криза и во администрирањето со префектурата Илирик ја презел западниот император, во согласност со претходниот договор.

Теодосиј I успеал со огромна генијалност да се справи со готската опасност. Теодосиј започнал преговори за мир со готските водачи. Главно средство на политиката на Теодосиј I станало склучувањето на т.н.. foedus, договори, според кои дојденците стануваат федерати - ги задржуваат својата автономија и закони, но се обврзани да служат на империјата како помошни војници. По завршувањето на Готската војна во 382 година, варварските племиња официјално добиле право да останат во земјите помеѓу Дунав и Стара Планина. Варварските контингенти го пополниле недостигот на римски волонтери во легии, но како резултат на тоа, во периодот до околу средината на 5 век готските федерати го сочинувале поголемиот дел од армијата на Источната империја.

Во 387 година, новиот западен император Валентинијан II, по бегството од Италија поради узурпаторот Максим, го востановил императорското седиште во Солун. Тоа било проследено со трансферирање на седиштето на префектурата Илирик од Милано во Солун. Воено-политичкиот сојуз помеѓу Теодосиј и Валентинијан II, склучен во Солун, летото 387 г., резултирал со санкционирање на перманентниот трансфер на префектурата Илирик во политичките граници на источната империја.

Инволвирањето во средувањето на работите на Западот на Теодосиј му обезбедило доминатна позиција во Империјата. Меѓутоа, несредената воена ситуација на Балканот, како и крупното востание што избило во Солун (390 г.), го оневозможиле да го ефектуира договореното формално издвојување на префектурата Илирик од Италија. Крвавиот масакр врз солуњаните на кој Теодосиј се решил во април 390 г., што резултирало со 7.000 жртви, го довел императорот до директна конфронтација со миланскиот епископ Амбросио, кој застанал во одбрана на интересите на Западната црква. Новонастанатата состојба го навела Теодосиј да прифати помирлив однос со Западната црква, како и да пристапи кон решителни акции за разрешување на готскиот проблем на Балканот. Предвремената смрт на Теодосиј (395 г.) резултирала со дефинитивна поделба на Империјата на Источна (Византија) и Западна Римска Империја, која била ефектуирана со распределбата на власта помеѓу малолетните синови Хонориј и Аркадиј.

Религиозна политика

Теодосиј бил решен да го искорени ересот и во своето владеење издал вкупно единаесет едикти. Од друга страна, тој бил толерантен кон Евреите и по неколку пати издавал наредби за повторното градење на синагоги, уништени од христијаните. Тој бил апсолутен противник на паганството и издал неколку закони со кои го забранил пренесувањето на жртви во чест на боговите, и дозволил голем број храмови да бидат уништени или да бидат претворени во цркви. Најмногу драстичните закони против паганството биле издадени во 391-392 година. Во овој период, сите храмови во целата империја биле затворени за посета, а било забрането дури и приватното поклонение пред паганските богови под заканата од жестоки казни. Во периодот од мај до 9 јуни 381 година бил одржан Вториот Вселенски собор во Константинопол со цел да се стави крај на аријанскиот спор кој продолжил и по Првиот вселенски собор во Никеја. На продолжување на аријанската контроверза придонело и прогонството на Свети Атанасиј Велики, како и поддршката која аријанците ја добивале од страна на наследниците на Константин Велики - Констанциј II, Констанца и Валенс.

Внатрешна политика

За разлика од претходните владетели на источната империја, Теодосиј I управувал во согласност со големите земјопоседници, аристократијата и свештенството, фаворизирајќи ги нивните интереси со донации на нови земјишта и привилегии. Повикал во Константинопол благородни фамилии од Шпанија и Галија. Благодарение на оваа негова политика, Теодосиј ја зацврстил својата власт. Теодосиј ги зголемил даноците, бидејќи администрацијата имала потреба од поголем обем на средства потребни за плаќање на варварските наемни војници, како единствениот начин да биде продолжена унијата и мирот со готските федерати на империјата.

Во времето на Теодосиј во престолнината биле обновени ѕидините на градот. Во близина на денешниот плоштад Бајазид во Истанбул, бил изграден Форум на Теодосиј, кој бил пронајден при ископувањата во 1958 година. Најзначаен споменик од негово време е Египетскиот обелиск кој бил поставен на хиподромот а денеска може да се види пред плоштадот Султанахмед, како и Златната порта која подоцна била реновирена и затворена од Османлиите. До крајот на 4 век во Константинопол живееле повеќе од 100.000 лица. Во текот на овој период, новите жители на градот, бидејќи немало место во внатрешноста на ѕидините започнале своите куќи да ги градат надвор од ѕидините. Во втората половина на 4 век, во градот работеле филозофите Темистиј и Синезиј, теолозите Григориј Богослов, Јован Златоуст и Нил Синајски.

Надворешна политика

Во управувањето на Теодосиј I на источната граница владело мир со Персија, што дало можност да одржува активна политика на запад. Во 383 година Сирија била заштитена од напад на сарацините. По дипломатски пат, Римјаните успеале да ја заземат Западна Ерменија и Колхида.

Во 383 година во Западната империја бил извршен воен удар против императорот Грацијан, кој бил соборен од власт и убиен. Бранејќи ја правата на неговиот брат, малолетниот император Валентинијан II, Теодосиј започнал војна против узурпаторот Максим во Италија, подржан од варварските делегати. Во 388 година тој постигнал победа и го вратил на престолот Валентинијан II, додека Максим и неговиот син биле егзекутирани.

Во 392 година Валентинијан II бил убиен и Теодосиј бил принуден повторно да војува, овој пат против Арбогаст и неговата марионета - узурпаторот Евгениј. Теодосиј и во оваа војна излегол како победник, егзекутирајќи го узурпаторот во 394 година. По ова, тој заминал во Милано каде починал. По неговата смрт во јануари 395 година Теодосиј Велики бил погребан во Константинопол.