Адријан

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Хадријан)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хадријан
Publius Aelius Traianus Hadrianus
Bust Hadrian Musei Capitolini MC817.jpg
Роден 24 јануари 76
Италика, денешна Шпанија
Починал 10 јули 138
Италија


Адријан (латински:Publius Aelius Traianus Hadrianus) бил третиот римски император од династијата на Антонините. Познат е и како Публиј Елиј Трајан Адријан

Роден е на 24 јануари 76 во Италика, блиску Севиља, денешна Шпанија. Со Римското Царство управувал од 8 август 117 година до 10 јули 138 година. Негов наследник е Антонин Пиј. За време на неговото владеење, империјата дваесеиедна година била во мир и спокојство. Во 120 година го изградил Пантеонот во Рим, една од најзачуваните објекти од времето на Римското Царство, како и храмот на Зевс во Атина. Во 122 година го изградил познатиот Адријанов ѕид во Велика Британија.

Римското Царство во 125 година, за време на владеењето на Адријан