Куп на шампиони 1958/59

Од Википедија — слободната енциклопедија
Куп на шампиони 1958/59
Податоци за купот
Датуми26 август 1958 - 3 јуни 1959
Екипи28 (26 се натпреварувале)
Финале
ШампиониШпанија Реал Мадрид
(4. титула)
Вице-шампионФранција Ремс
Статистики за купот
Одиграни натпревари55
Постигнати голови200 (3.64 по натпревар)
Најдобар стрелец(и)Франција Жист Фонтен (10 голови)

Куп на шампиони 1958/59 — четврто издание на Купот на шампионите, најсилното европско клупско фудбалско натпреварување. Финалето е одиграно на 3 јуни 1959 година на стадионот Некар во Штутгарт. Во тој натпревар Реал Мадрид го победил Ремс со резултат 2:0. Ова била четвртата титула по ред на Реал Мадрид. Овие два тима играле и во првото финале на Купот на Шампионите во 1956 година.

Прво коло[уреди | уреди извор]

Екипа 1 Рез. Екипа 2 1 натпревар 2 натпревар
Јувентус Италија 3:8 Австрија Винер Спорт-Клуб 3:1 0:7
Динамо Загреб Социјалистичка Федеративна Република Југославија 3:4 Чешка Дукла Праг 2:2 1:2
Бешикташ Турција -1 Кралство Грција Олимпијакос
Атлетико Мадрид Шпанија 13:1 Ирска Драмкондра 8:0 5:1
КБ Данска 5:52 Германија Шалке 04 3:0 2:5
Полонија Битом Полска 0:6 Унгарија МТК 0:3 0:3
Јанг бојс Швајцарија -3 Англија Манчестер Јунајтед 0:1 1:1
Женес Луксембург 2:24 Шведска Гетеборг 1:2 1:0
Висмут Карл Маркс Штад Источна Германија 4:45 Романија Петролул Плоешти 4:2 0:2
Утрехт Холандија 4:6 Португалија Спортинг Лисабон 3:4 1:2
Стандард Лиеж Белгија 6:3 Шкотска Хартс 5:1 1:2
Ардс Северна Ирска 3:10 Франција Ремс 1:4 2:6

Забелешка: Реал Мадрид, Вулверхемптон Вондерерс, ЦСКА Софија и ХПС директно се пласирале во осмина финалето.

1 Олимпијакос се повлекол од натпреварувањето поради политички проблеми.

2 Шалке 04 го победил КБ со резултат 3:1 во одлучувачкиот натпревар и се пласирал во осмина финалето.

3 Манчестер Јунајтед бил повикан од страна на УЕФА да учествува во натпреварувањето, поради авионската несреќа во Минхен. Меѓутоа фудбалскиот сојуз на Англија ја одбил поканата, тврдејќи дека право на учество во натпреварувањето имаат само тимови коишто го освоиле домашното првенство.

4 Гетеборг со победа над Женес од 5:1 во одлучувачкиот натпревар се пласирал во осмина финалето.

5 Висмут Карл Маркс Штад издвоил победа над Петролул со 4:0 во одлучувачкиот натпревар и се пласирал во осмина финалето.

Осмина финале[уреди | уреди извор]

Екипа 1 Рез. Екипа 2 1 натпревар 2 натпревар
Реал Мадрид Шпанија 3:1 Турција Бешикташ 2:0 1:1
Винер Спорт-Клуб Австрија 3:2 Чешка Дукла Праг 3:1 0:1
МТК Унгарија 2:6 Швајцарија Јанг бојс 1:2 1:4
Атлетико Мадрид Шпанија 2:21 Бугарија ЦСКА Софија 2:1 0:1
Гетеборг Шведска 2:6 Источна Германија Висмут Карл Маркс Штад 2:2 0:4
Ремс Франција 7:0 Финска ХПС 4:0 3:0
Вулверхемптон Вондерерс Англија 3:4 Германија Шалке 04 2:2 1:2
Спортинг Лисабон Португалија 2:6 Белгија Стандард Лиеж 2:3 0:3

1 Атлетико Мадрид ја победил ЦСКА Софија со резултат 3:1 во одлучувачкиот натпревар и со тоа се пласирал во четвртфиналето.

Четвртфинале[уреди | уреди извор]

Екипа 1 Рез. Екипа 2 1 натшревар 2 натпревар
Винер Спорт-Клуб Австрија 1:7 Шпанија Реал Мадрид 0:0 1:7
Атлетико Мадрид Шпанија 4:1 Германија Шалке 04 3:0 1:1
Јанг бојс Швајцарија 2:21 Источна Германија Висмут Карл Маркс Штад 2:2 0:0
Стандард Лиеж Белгија 2:3 Франција Ремс 2:0 0:3

1 Јанг Бојс издвоил победа над Висмут Карл Маркс со резултат 2:1 во одлучувачкиот натпревар и со тоа се пласирал во полуфиналето.

Полуфинале[уреди | уреди извор]

Екипа 1 Рез. Екипа 2 1 натпревар 2 натпревар
Реал Мадрид Шпанија 2:21 Шпанија Атлетико Мадрид 2:1 0:1
Јанг Бојс Швајцарија 1:3 Франција Ремс 1:0 0:3

1 Реал Мадрид го победил Атлетико Мадрид во одлучувачкиот натпревар со резултат 2:1 и се пласирал во финалето.

Финале[уреди | уреди извор]

3 јуни 1959
Реал Мадрид 2–0 Стад Ремс Некар стадион, Штутгарт
Публика: ~80.000
Судија: Алберт Душ (Западна Германија)
Енрике Матеос гол 1'
Алфредо Ди Стефано гол 47'