Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 143.798 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Двоичен часовник со светлечки диоди за изразување на двоичните вредности. На овој часовник, секоја колона диоди прикажува двоично шифриран декаден број од вообичаеното шеесетеречно (сексагезимално) време.
Двоичен часовник со светлечки диоди за изразување на двоичните вредности. На овој часовник, секоја колона диоди прикажува двоично шифриран декаден број од вообичаеното шеесетеречно (сексагезимално) време.

Двоичен броен систем (бинарен броен систем) — броен систем кој изразува бројчени вредности користејќи два симбола: 0 и 1, обично по пат на положбен запис со основа 2. Овој систем е од суштинско значење кај сите современи сметачи заради неговата примена во секое дигитално струјно коло со логички порти.

Историски, за творец на двоичниот броен систем се смета индискиот математичар Пингала, кој разработил математички начин на претставување на прозодијата. Оттогаш, се вршени различни проучувања и подобрувања на истиот, а во 1679 година, Готфрид Лајбниц дошол до неговиот современ облик, објавувајќи го во написот „Објаснение за двоичната аритметика“ (Explication de l'Arithmétique Binaire). Во него систем, тој за првпат ги употребил цифрите 0 и 1, исто како во современиот систем.

Еден двоичен број може да се претстави со било која низа на битови (двоични бројки), кои пак можат да се претстават со било кој механизам што може да биде во заемно исклучителни состојби. Бројчената вредност зависи од вредноста што ја претставуваат симболите. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Старите еврејски гробишта кај Хоебах, Дерцбах, Германија.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Епрувети со раствори од pH 1–10 обоени со показател
Епрувети со раствори од pH 1–10 обоени со показател
На денешен ден…

Денес е 3 мај 2024 г.

Настани:

1500  Португалскиот мореполовец Педро Алварес Кабрал го открил Бразил и го прогласил за имот на Португалија.
1791  Донесен е т.н. Устав од 3 мај, а подоцна истиот ден бил усвоен од Сејмот на Полско-литванската Државна Заедница. Овој устав бил втор во Европа и трет во светот (прв устав претставува уставот на Сан Марино, а втор е американскиот устав од 1787 година).
1814  Францускиот крал Луј XVIII се вратил во Париз по поразот на Наполеон во Битката кај Ватерло.
1841  Нов Зеланд бил прогласен за британска колонија со потпишувањето на Договорот од Ваитанги помеѓу британската круна и маорските племиња претходната година.
1922  Во Париз е основан Меѓународниот железнички сојуз.
1945  Народната влада на Демократска Федеративна Македонија, по предлог на Комисијата за јазик и правопис при Министерството за просвета донела решение за утврдување на македонската азбука. Азбуката првпат била отпечатена во весникот „Нова Македонија“ број 104, на 4 мај 1945 година.
1946  Во Токио започнало заседанието на Меѓународниот суд за Далечниот Исток на којшто им се судело на јапонските воени злосторници во текот на Втората светска војна.
1979  Со убедлива победа на конзервативците на британските парламентарни избори, Маргарет Тачер станала прва жена премиер во британската историја.

Родени:

612  Константин III Ираклијвизантиски цар.
1367  Хенри IV — крал на Англија.
1415  Сесилја Невил — мајка на Едвард IV.
1469  Николо Макијавелииталијански политичар, дипломат, поет и комедиограф.
1860  Вито Волтера — италијански математичар и физичар.
1892  Џејкоб Вајнер — канадски економист.
1917  Киро Глигоров — македонски и југословенски политичар, прв претседател на Република Македонија.
1920  Киро Билбиловски — македонски филмски снимател.
1925  Оливера Марковиќ — југословенска и српска глумица.
1933  Стивен Вајнберг — американски физичар.
1933  Џејмс Браун — американски музичар, познат како „Кум на соулот“.
1937  Миле Маневски — македонски писател.
1941  Нона Гаприндашвили — грузиска шахистка, светска шампионка од 1962 до 1978 година.
1948  Авни Абдулах — македонски писател.
1961  Миро Гавран — хрватски писател.
1963  Џеф Хорнасек — американски кошаркар и тренер.
1972  Рената Дескоска — македонска универзитетска професорка и политичарка.
1973  Михаел Рајцигер — холандски фудбалер.
1974  Захар Пашутин — руски кошаркар.
1984  Ѓорѓи Ицоски — македонски биатлонец и крос-кантри скијач.
1985  Езекил Лавеци — аргентински фудбалер.
1989  Катинка Хосу — унгарска пливачка.
1996  Алекс Ивоби — нигериски фудбалер.
2004  Александар Павловиќ — германски фудбалер.

Починале:

1481  Мехмед II Освојувачот — отомански султан (р. 1432).
1758  Бенедикт XIVримски папа.
1926  Кнут Виксел — шведски економист.
1942  Елпида Караманди — македонски народен херој.
1991  Јежи Кошињски — американски писател.
2004  Томо Томоски — македонски историчар и археолог, еден од водечките медиевисти во земјата.
2014  Гари Бекер — американски економист, добитник на Нобеловата награда.
2016  Јадранка Стојаковиќ — југословенска пејачка.

Празници:

Светски ден на печатот
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич