Ѓорѓи Ицоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ѓорѓи Ицоски (р. 3 мај 1984 во Крушево — македонски биатлонец и крос-кантри скијач.

Ицоски ја започнал својата кариера во клубот од својот роден град, „Мусица“, а од 2007 година по неколкугодишната кариера во нордиско трчање се појавил на Европското првенство по биатлон (Банско, Р. Бугарија) каде бил рангиран на 19 место во дисциплината спринт. Истата година настапил на Светскиот куп во биатлон каде се пласирал на 65. место. Во 2007/08 сезона Ицоски дебитира на Светско првенство. Тој настапи на првата биатлон трка воопшто во историјата на македонскиот биатлон во Оберхов каде што заврши на 97. место. Малку подоцна тој бил 90. на спринтот во Антхолц, Швајцарија, досега неговиот најдобар резултат во Светскиот куп. Во Остерсунд, Шведска, Ицоски завршил на 107. позиција, во спринт беше 111-ти. На Светското првенство 2008 година во Нове Место тој е рангиран на 72. во сингл и 77. во спринт.

Ицоски е активен и како крос-кантри скијач од 2002 година, каде истата 2002 учествуваше на Светското јуниорско првенство во Шонах, Германија но без значајни резултати. Подоцна тој учествува на FIS трки и на Балканскиот Куп со добри резултати. Во 2003 година настапи на Светското првенство во Вал ди Фиеме постигнувајќи го својот најдобар резултат -71. место во спринт. 2005 во Минхен беше 85 на спринтот. По трет пат, тој учествуваше на Светски куп, овојпат одржан во Либерец, но не ја заврши трката. Во 2008 година на Македонскиот републички шампионат (Крушево, Р. Македонија) го освоил првото место и покрај тоа што на половина од трката бил петти. Во 2009 година на Светскиот шампионат во биатлон (Пјонгчанг, Ј. Кореја), завршува на 112 место во спринтот. За жал Ицоски и покрај обезбедената норма за настап на Олимписките игри во Ванкувер, тој не учествувал