Миле Маневски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Миле Маневскимакедонски поет и раскажувач.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Маневски е роден на 3 мај 1937 година во Скопје. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Работи како новинар во НИП „Нова Македонија“. Член на ДПМ од 1973 година. Автор е на книгите: Високо длабоко (поезија, 1973), Месеча, (раскази, 1980), Човек на покривот (антологија на македонски раскази објавени на лужичкосрпски јазик, 1980), Бадник (антологија на современи лужичкосрпски раскази објавени на македонски јазик, 1981), Друмје (поезија, 1984), Празници на ноќта, (раскази, 1995).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 149 - 150.