Николо Макијавели

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Николо Макијавели

Портрет на Николо Макијавели од Санти ди Тито
Цело име Николо Макијавели
Роден 3 мај 1469(1469-05-03)
Фиренца, Италија
Починал 21 јуни 1527(1527-06-21) (на 58 год.)
Фиренца, Италија
Школа ренесансна философија, реализам, класично републиканство
Главни интереси политикаполитичка философија), воена теорија, историја
Потпис Machiavelli Signature.svg

Николо Макијавели (италијански: Niccolò Machiavelli; Фиренца, 3 мај 1469 - Фиренца, 20 јуни 1527) бил италијански функционер, писател, воен стручњак, поет, комедиограф и политичар. Најпознат е по својот политички трактат Владетелот, и по векови погрешно толкуваната максима: „Целта ги оправдува средствата“.

Своето творештво го започнал со покладни песни, канцони и сонети. Покрај Владетелот познат е и по делата Умешноста на војувањето, Расправи за првите десет книги на Тит Ливиј, Историја на Фиренца, а неговото најважно дело од аспект на книжевноста е Мандрагола. Тоа е првата модерна европска комедија и најдоброто италијанско дело од овој жанр во периодот на ренесансата. Поимот макијавелизам е изведен од неговото име, а честопати се користи во негативна конотација опишувајќи појава на манипулирање и интриги, спротивност на морално однесување.


Николо Макијавели