Општина Кочани: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
с поправки
Ред 62: Ред 62:


== Администрација и политика ==
== Администрација и политика ==
Административно седиште на општината е градот [[Кочани]]. На локалните избори во март 2009 година за градоначалник на општината е избран Ратко Димитровски од [[ВМРО-ДПМНЕ]]. Општинскиот совет брои 19 членови, од кои 5 се од [[ВМРО-ДПМНЕ]], 7 од [[СДСМ]], 2 од [[ВМРО-НП]], и по 1 од [[ЛДП]], [[СДПМ]], [[ДС]], [[СПМ]] и [[ДОМ]].
Административно седиште на Општината е градот [[Кочани]]. На локалните избори во октомври 2017 година за градоначалник на Општината е избран Николчо Илијев како натпартиски кандидат предложен од коалицијата што ја предводеше [[СДСМ]]. Општинскиот совет брои 19 членови, од кои 10 се од коалицијата на [[СДСМ]], 8 од коалицијата на [[ВМРО-ДПМНЕ]] и 1 од Независна листа.


== Културни и природни знаменитости ==
== Културни и природни знаменитости ==
Ред 68: Ред 68:
* [[Гратче (езеро)|вештачко езеро Гратче]]
* [[Гратче (езеро)|вештачко езеро Гратче]]
* [[Пониква]]
* [[Пониква]]
* [http://www.kocani.gov.mk/linkovi/lokaliteti1.html Раткова скала]
* [http://www.kocani.gov.mk/gragjani/index.php?action=lokaliteti_Detail&p=7 Раткова скала]
* [http://www.kocani.gov.mk/vesnik/broevi/Info%20Kocani%20broj%2047.pdf Дабот кај с. Бели]
* [http://www.kocani.gov.mk/gragjani/index.php?action=lokaliteti_Detail&p=15 Дабот кај с. Бели]
* [[Споменик на слободата (Кочани)|Споменик на слободата]]
* [[Споменик на слободата (Кочани)|Споменик на слободата]]



Преработка од 00:03, 27 ноември 2017

Предлошка:Инфокутија Општини во Македонија

Карта на општина Кочани со селските атари.
Демографска карта на општина Кочани со селските атари.
Карта на општината.

Општина Кочаниопштина во Источна Македонија. Седиште на општината е градот Кочани.

Географиja

Општина Кочани се наоѓа во источниот дел на Република Македонија, лоцирана на севроисточната страна на Кочанската котлина и југоисточната страна на Осоговските планини. Зафаќа површина 360,32 км2, со најниска надморска височина од 320 м и највисока 2.085 м.

Општината се граничи со:

Општина Кочани има 28 населени места, од кои 1 е градско и 27 селски.

Историja

Поради поволната географска местоположба и одличните природни карактеристики, територијата на денешниот град Кочани била населена од најстарите антички времиња, најпрво од Пеонците, Медите и Траките, а во 80- те години од VI век почнуваат да се населуваат Словените, поточно до VII век припадници на племето Смолјани ја колонизираат Кочанската Котлина и се утврдуваат во неа. Браќата Кирил и Методиј, основоположниците на словенската писменост од 845- 855 г. престојувајќи во Брегалничката област (Мородвис) отпочнале со ширење на христијанството на словенски јазик.

Економија

Демографија

Според пописот на населението од 2002 г. во општина Кочани живеат 38 092 жители[1], од кои:

  • Македонци 35 472 (93,12%)
  • Роми 1951 (5,12%)
  • Турци 315 (0,83%)
  • Власи 194 (0,50%)
  • Срби 63 (0,17%)
  • останати 97 (0,26%)

Општествени институции

Администрација и политика

Административно седиште на Општината е градот Кочани. На локалните избори во октомври 2017 година за градоначалник на Општината е избран Николчо Илијев како натпартиски кандидат предложен од коалицијата што ја предводеше СДСМ. Општинскиот совет брои 19 членови, од кои 10 се од коалицијата на СДСМ, 8 од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и 1 од Независна листа.

Културни и природни знаменитости

Земјоделство

Традиционална стопанска гранка во општина Кочани е земјоделството за кое постојат одлични природни и агротехнички услови. Почвата е плодна од алувијално потекло. Најголем дел од обработливите површини се наводнуваат, поради што има изградено акумулациони објекти и разгранета каналска мрежа од 280 км.

Оризот е најзначајна земјоделска култура со многувековна традиција, високи приноси и одличен квалитет. Годишно се сеат околу 3500 хектари под ориз, со принос од над 5000 кг/ха. Застапени сорти на оризова култура се монтичели, Р-76/6, Сан Андреа, Прима риска, и Монтеса. Квалитетот на оризот е потврден на Еурека-2000 во Брисел со признание Гран-при Најдоброто од Македонија, со заштитен знак бр. 1- оризот, белото кочанско злато.

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Културните збиднувања се остваруваат во бројни институции , за која цел се изградени разновидни објекти ( Дом на културата, кино и сл.). Во Кочани постојат неколку фолклорни друштва кои го негуваат фолклорот, а се негува и драмскиот аматеризам. Секоја година традиционално се одржува ДАФ (Драмски Аматерски Фестивал) во месец мај и Деновите на оризот, во месец септември.

За развој на спортот во градот има изградено спортска сала, фудбалски стадион, базен, терени за тенис, мини голф и слично. Постојат голем број на спортски клубови и здруженија во кои се развиваат различни спортови: борење, кошарка, фудбал, гимнастика, карате, шах, и др. Кочани бил домаќин на државни и меѓународни културни и спортски случувања.

Иселеништво

Иселеништвото во општината има неколкудецениска традиција, при што главно младата популација, поради економски причини, емигрирала во Западноевропските земји - во почетокот во Германија, Франција и Австрија, а во последната деценија во Италија и делумно САД, Канада и Австралија.

Поврзано

Надворешни врски

Наводи

  1. Попис на населението, домаќинствата и становите во 2002 г., Државен завод за статистика