Горица (Виница)
„Горица“ | |
| Местоположба | 41°52′58″N 22°30′33″E / 41.88278°N 22.50917°E |
| Основни податоци | |
|---|---|
| Место | Виница |
| Општина | Виница |
| Тип |
|
| Период | римско време |
| доцноантичко време | |
| Портал „Археологија“ | |
Горица — населба од доцноантичко време и старохристијанска базилика.
Наоѓалиштето претставува културно наследство на Македонија.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Наоѓалиштетот се наоѓа на 1,5 километри северозападно од градот Виница, на една тераса што благо се спушта кон левиот брег на Брегалница, со простор од околу 1 хектар, се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал.
Историја
[уреди | уреди извор]Бил прогласен за културно наследство на Македонија со решение од 27 јануари 1984 година од страна на Републичкиот завод за заштита на спомениците на култура, кое било надополнето на 17 јули 1992 година.[1]
Ископувања
[уреди | уреди извор]Од 1984 до 1989 година Музејот на Македонија вршел заштитни ископувања при што се откриени темели од помала трикорабна базилика со нартекс и две странични простории, како и остатоци од темели од други објекти. Ѕидовите од базиликата се зачувани во темелните партии, наместа до 1 метар висина, и се градени од речен и кршен камен со варов малтер. Со ископувањата се откриени фрагменти од убава архитектонска и пластика работена во камен (крстови, гулаби и други христијански мотиви).[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Виница — средновековна населба;
- Пазариште — населба од римското време;
- Виничко кале — утврдена населба од доцноантичкото време;
- Ила — некропола од железното време; и
- Бановски Ниви — осамен наод од железното време.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Национален регистар на културното наследство“ (PDF). Управа за заштита на културното наследство. ноември 2024. Посетено на 2 септември 2025.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од римско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од доцноантичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на базилика
- Виница
- Археолошки наоѓалишта во Општина Виница
- Културно наследство на Македонија во Општина Виница
- Археолошки наоѓалишта во Виничко
- Археолошки наоѓалишта во Виница
