Ореово (Лески)
Изглед
„Ореово“ | |
| Местоположба | 41°51′43″N 22°27′37″E / 41.86194°N 22.46028°E |
| Основни податоци | |
|---|---|
| Место | Лески |
| Општина | Виница |
| Тип |
|
| Период | римско време |
| Портал „Археологија“ | |
Ореово — археолошко наоѓалиште кај виничкото село Лески. Претставува населба и некропола од римско време.
На 2 км југоисточно од селото, од левата страна на селскиот пат Лески - Зрновци, во подножјето на Плачковица, на површина од околу 12 хектари се среќава множество фрагменти од керамички садови, а од градежен материјал покривни ќерамиди, тули и кршен камен. Најдена е згура од топени метали, како и повеќе монети кои не се зачувани.
На источната страна на наоѓалиштето се пронајдени неколку гробови со камени конструкции, а на околу 500 м југозападно од него, при каптирањето на изворите за современиот водовод е откриен дел од инсталациите на стариот римски водовод.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Св. Атанас — населба од римско време
- Свети Јован Опсеча — црква од средниот век
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 99. ISBN 9989-649-28-6.
