Прејди на содржината

Света Недела (Блатец)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Света Недела“

Карта

Местоположба 41°51′55″N 22°35′19″E / 41.86528°N 22.58861°E / 41.86528; 22.58861
Основни податоци
МестоБлатец
ОпштинаВиница
Тип

 могила


Период римско време
Портал „Археологија“

Света Недела — археолошко наоѓалиште во виничкото село Блатец. Претставува могила од римско време.

Се наоѓа северно од селото, на левиот брег на реката Осојница. Висока е 10 м, а во основата има пречник од околу 60 м. На површината се гледаат гробови со камени конструкции, поставени во правец исток-запад, секундарно вкопани во средновековието.

Според исказите на К. Костадинов, пред 40 години могилата била прекопана по средината, при што биле најдени метални предмети кои не се зачувани.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 89. ISBN 9989-649-28-6.