Бановски Ниви (Виница)
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Бановски Ниви — археолошко наоѓалиште во Виница. Претставува осамен наод од железното време. Во почетокот на 80тите години на XX век жител на Виница купил питос од непознати лица. Питосот бил пронајден при ископ за изградба на пат на локација која се наоѓа до дворот на Основното училиште „Славчо Стојменски“ во Виница. Инаку во дворот на училиштето постои исто така археолошко наоѓалиште „Ила“, каде во 70тите години на 20 век била откопана и бронзена фибула од типот на еднојазолни лачни фибули со плочеста нога. Во 2017 година, семејството што го поседувал питосот го подарил на виничкиот музеј.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Виница — средновековна населба;
- Пазариште — населба од римското време;
- Виничко кале — утврдена населба од доцноантичкото време;
- Горица — населба од доцноантичкото време и старохристијанска базилика; и
- Ила — некропола од железното време.
Наводи[уреди | уреди извор]
![]() |
Оваа статија за поврзано со археологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |