Иловица (Липец)
Иловица — археолошко наоѓалиште во виничкото село Липец, Општина Виница. Наоѓалиштето претставува населба од римското време. Западно од селото, при обработувањето на земјата жителите откриле темели од повеќе објекти. Денес, на површината се гледаат фрагменти од керамички садови, а од градежен материјал, покривни ќерамиди, кршен камен и варов малтер.[1]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 99. ISBN 9989-649-28-6.