Колник (Пекљани)
Колник — археолошко наоѓалиште кај виничкото село Пекљани. Претставува некропола од доцната антика средниот век.
На источниот крај на ридот Колник, кој се наоѓа на 200 м јужно од селото, се гледаат гробни конструкции од неправилно редени камења. Поради ерозивноста на теренот некрополата е подложна на уништување, а мештаните прекопале повеќе гробови.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Долови — населба од римско време
- Рашка — рударска населба од римско време
- Саботините Гробишта — населба и рударска јама од доцноантичко време
- Студен Кладенец — могили од римско време
- Сушица - Дуборово — населба од римско време
- Црквиште — населба од доцноантичко време
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 100. ISBN 9989-649-28-6.