Русалски Гробишта (Калиманци)
Русалски Гробишта — археолошко наоѓалиште во селото Калиманци, сместено на околу 500 м јужно од училиштето, во правец кон Јуручко Маало. Наоѓалиштето претставува некропола и тумул од железно време. На терасесто тло се забележуваат конструкции од дваесетина гроба распоредени во круг којшто образува основа од тумул со пречник од околу 5 м и височина од 0,8 м. Гробовите биле градени од камени плочи и се поставени во правците исток-запад и северозапад-југоисток.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Велогат — доцноантичка населба;
- Виничка Скала — доцноантичка населба;
- Горица — некропола од римско време;
- Манастириште - Студењак — населба од римско време;
- Остовец — средновековна црква;
- Студењак — доцноантичка населба;
- Царевец — населба и некропола од римско време; и
- Цинцов Рид — населба од римско време.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Категории:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од железно време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на тумул
- Калиманци
- Археолошки наоѓалишта во Општина Виница
- Археолошки наоѓалишта во Виничко
- Никулци за археологијата на Македонија