Градец (археолошко наоѓалиште)
Изглед
„Градец“
| |
Местоположба | 41°50′55″N 22°30′37″E / 41.84861°N 22.51028°E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Градец |
Општина | Виница |
Тип |
|
Период | среден век |
Портал „Археологија“ |
Градец — археолошко наоѓалиште во виничкото село Градец. Претставува депо на монети од средниот век. Во 1966 година, при копање на темели за изградба на куќа се пронајдени 721 византиска монета од XII век. Депото го сочинуваат 60 електруми-монети од злато и сребро, и 651 монета од бакар. Монетите биле подоцна откупени од страна на Музејот на Македонија, со исклучок на 47 електруми. Во поглед на временската припадност, еден електрум е од византискиот цар Мануил I Комнин, седум се од Андроник I Комнин и девет се од Исак II Ангел. Временската припадност на бакарните монети не е одредена, но веројатно е дека и тие потекнуваат од времето на споменатите владетели.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Бедеш — средновековна населба;
- Виничка Река — населба од доцноантичко време;
- Градиште — населба од доцноантичко време; и
- Клисе Баир — некропола-могила од римско век.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |