Свети Спас (Липец)
Свети Спас — археолошко наоѓалиште во виничкото село Липец, Општина Виница. Наоѓалиштето претставува населба и некропола од римското време. Во непосредна близина на црквата Св. Спас, која е на 300 м јужно од селото, се забележуваат остатоци од кршен камен и кал и покривни ќерамиди. Постојат индиции и за постоење на некропола.[1]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 99. ISBN 9989-649-28-6.