Блатечки Пат (Јакимово)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Блатечки пат, населба и некропола - могили од римско време. На 2 км од селото, недалеку од утоката на Сушичка река во Осојница во нивите на Н и Т Арсови со површина од 6-7 декари, се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал. Споствениците на нивите при орање наидувале на темели од објекти, питоси и монети.Во западниот дел на наоѓалиштето се изига мало ритче Булите, на кое доминираат две делумно оштетени могили. На ритчето во северниот крај лежи уште една пооштетна могила со пречник од 10 м.Наоидите не се зачувани.[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.