Антарктик
![]() | |
Површина | 14.000.000 км2[1] |
---|---|
Население | 1.106 |
Густина | 0,00008/км2 |
Земји | 0 |
НДД | [[]] |
Најголеми градови | антарктички станици |
Антарктик (од старогрчки: ἀνταρκτικός - „спротивно од Арктик“) — континент кој го опкружува Земјиниот Јужен Пол. Тоа е најладното место на Земјата и е скоро целосно покриен со мраз; сепак, тоа е и најголемата пустина во светот. Не треба да се меша со Арктикот, кој се наоѓа близу до Земјиниот Северен Пол на спротивната страна на планетата.
Иако митовите и претпоставките за Terra Australis („Јужна земја“) потекнуваат од античко време, првото прифатено откривање на континентот датира од 1820 година а првото пристигнување во 1821 година од Руската експедиција на Михаил Лазарев и Фабијан Готлиб фон Белингхаузен.
Со површина од 13.200.000 км2;, Антарктикот е петтиот континент по големина, по Азија, Африка, Северна Америка, и Јужна Америка. Сепак, тој е убедливо најмалку населен, всушност нема постојано население. Исто така тоа е континент со најголема просечна висина и најниска просечна влажност, како и најниска просечна температура.
Климатски услови[уреди | уреди извор]

Антарктика е најладното место на земјата. Температурите се движат од -85 и -90 степени Целзиусови во зима и околу 30 степени повисоко во лето. Климатски бранови ретко пробиваат во внатрешноста на континентот, па центарот е ладен и сув. Има малку врнежи во текот на годината, но мразот може да се задржи поголем период. Скоро целиот континент е покриен со мраз, кој е во просек 2,5 километри длабок.
На крајот на континентот дуваат јаки катабатички ветрови. Во внатрешноста пак, ветровите се поблаги.
Во зависност од висината, настануваат долги периоди на постојана темнина или постојана сончева светлина, односно климата на која се навикнати луѓето не се појавува на овој континент.
На Антарктик се појавуваат три природни феномени:
- аурора аустралис или јужните светлини
- дијамантски прав - облак од ситни кристали од мраз
- пархелион, или лажно сонце, светла точка покрај вистинското сонце.
Географија[уреди | уреди извор]
Континентот Антарктика се наоѓа јужно од Јужен Поларен круг, опкружен од Јужниот Океан. Физички Антарктикот е поделен на два дела од Трансантарктичките Планини близу до Росовото и Веделовото Море. Делот од континентот западно од Веделовото и источно од Росовото Море се нарекува Западен Антарктик, а остатокот — Источен Антарктик.
Релјеф[уреди | уреди извор]
Релјефот на Антарктикот е претежно планински, со големи надморски височини. Околу 65% од територијата се над 2 000м. Највсока планина е Винсоновиот Масив, со 5 140 м. Скоро во средината на Антарктикот се наоѓа Јужниот Пол каде што во 1911 година прв стигнал Норвежанецот Роналд Амундсен.
Флора и фауна[уреди | уреди извор]
Единствено на Гремовата Земја се присутни некои лишаи и мов додека животинскиот свет е поразновиен и побогат. Најкарактеристични се пингвините, кои живеат во колонии во крајбрежните делови на континентот. За разлика од копнениот дел, во водите околу Антарктикот живеат разни морски животни, а најкарактеристични се китовите.
Население[уреди | уреди извор]
Се претпоставува дека во секој момент барем 1.000 луѓе живеат на континентот. Оваа бројка варира во зависност од месецот. Иако Антарктикот нема постојани жители, неколку држави имаат постојани истражувачки станици на континентот. Многу од нив имаат персонал во текот на целата година.
Првото дете родено на подрачјето околу Јужниот Пол е девојче Норвежанче, родена на 8 октомври 1913 година, додека Емилио Макрос Палма е првиот човек роден токму на Антарктикот (во базата „Есперанца“) во 1978 година, неговите родители биле пратени на континентот заедно со седум други фамилии.
Истражувачки станици и стопанство[уреди | уреди извор]
На Антарктикот се наоѓаат неколку десетини станици во кои се вршат разни научни истражувања. Утврдени се резерви во разни рудни наоѓалишта (јаглен, железо, сребро, злато, ураниум и други), но не се врши нивна експлоатација. Антарктикот е надвор од светските сообраќајни текови.
Комуникација[уреди | уреди извор]
Интернационалниот повикувачки број за Антарктикот е +672.
На континентот е развиена безжична телефонска мрежа. Постојат едно келиски предаватели кои користат AMPS технологија во Аргентинската база Марамбио и Entel Chile GSM-предавател на Островот на Кралот Џорџ. Сите останати комуникации се одвиваат преку сателитски врски.
Македонски топоними на Антарктикот[уреди | уреди извор]
Меѓу наименуваните места на ледениот континент има и немал број објекти со имиња на херои, населби, географски и историски места од Македонија.[2] Такви се називите
- Врв Банско, Остров Ливингстон 62°36′51″S 59°49′00″W / 62.61417° S; 59.81667° W
- Карпа Христов, Остров Ливингстон 62°42′00″S 60°03′30″W / 62.70000° S; 60.05833° W
- Врв Делчев, Остров Ливингстон 62°38′28″S 59°56′16″W / 62.64111° S; 59.93778° W
- Рид Делчев, Остров Ливингстон 62°37′55″S 59°54′15″W / 62.63194° S; 59.90417° W
- Врв Дрангов, Остров Гринвич 62°32′32″S 59°37′48″W / 62.54222° S; 59.63000° W
- Рт Грмен, Остров Смит 62°59′08″S 62°36′30″W / 62.98556° S; 62.60833° W
- Залив Груев, Остров Гринвич 62°30′21″S 59°33′43″W / 62.50583° S; 59.56194° W
- Врв Илинден, Остров Гринвич 62°32′09″S 59°41′44″W / 62.53583° S; 59.69556° W
- Планина Климент Охридски, Остров Александар 69°31′00″S 71°30′00″W / 69.51667° S; 71.50000° W
- Ледник Конгур, Остров Смит 62°54′23″S 62°25′48″W / 62.90639° S; 62.43000° W
- Долина Кресна, Остров Ливингстон 62°37′33″S 60°18′21″W / 62.62583° S; 60.30583° W
- Врв Кубер, Остров Ливингстон 62°39′21″S 59°57′53″W / 62.65583° S; 59.96472° W
- Рид Кузман, Остров Ливингстон 62°38′09.9″S 60°09′42.5″W / 62.636083° S; 60.161806° W
- Врв Мелник, Остров Ливингстон 62°36′06.4″S 60°09′11.2″W / 62.601778° S; 60.153111° W
- Рид Мелник, Остров Ливингстон 62°36′04″S 60°08′30″W / 62.60111° S; 60.14167° W
- Миладинови Острови, Остров Пустинен 62°28′30″S 60°20′45″W / 62.47500° S; 60.34583° W
- Врв Неофит, Остров Смит 63°01′10″S 62°35′07″W / 63.01944° S; 62.58528° W
- Залив Осогово, Остров Ливингстон 62°39′05″S 61°11′42″W / 62.65139° S; 61.19500° W
- Врв Паисиј, Остров Ливингстон 62°37′34″S 59°54′02″W / 62.62611° S; 59.90056° W
- Рид Пешев, Остров Ливингстон 62°41′56″S 60°07′47″W / 62.69889° S; 60.12972° W
- Врв Петрич, Остров Ливингстон 62°36′56″S 60°10′39″W / 62.61556° S; 60.17750° W
- Залив Разлог, Остров Ливингстон 62°26′44″S 60°00′00″W / 62.44556° S; 60.00000° W
- Полуостров Рожен, Остров Ливингстон 62°43′00″S 60°15′00″W / 62.71667° S; 60.25000° W
- Ледник Руен, Остров Ливингстон 62°41′55″S 60°16′20″W / 62.69861° S; 60.27222° W
- Ледник Рупите, Остров Смит 63°00′04″S 62°30′25″W / 63.00111° S; 62.50694° W
- Рт Самоил, Остров Ливингстон 62°43′38″S 60°09′07″W / 62.72722° S; 60.15194° W
- Рт Сандански, Остров Ливингстон 62°30′33″S 60°41′41″W / 62.50917° S; 60.69472° W
- Врв Спартакус, Остров Ливингстон 62°38′16″S 59°55′20″W / 62.63778° S; 59.92222° W
- Врв Свети Кирил, Остров Ливингстон 62°42′15″S 60°12′57″W / 62.70417° S; 60.21583° W
- Премин Свети Иван Рилски, Остров Ливингстон 62°39′55″S 60°04′54″W / 62.66528° S; 60.08167° W
- Антарктичка научна база „Св. Климент Охридски“, Остров Ливингстон 62°38′29″S 60°21′53″W / 62.64139° S; 60.36472° W
- Врв Свети Методиј, Остров Ливингстон 62°42′56″S 60°14′51″W / 62.71556° S; 60.24750° W
- Врв Свети Наум, Остров Ливингстон 62°41′38″S 60°06′21″W / 62.69389° S; 60.10583° W
- Ледник Струма, Остров Ливингстон 62°36′30″S 60°08′00″W / 62.60833° S; 60.13333° W
- Врв Вапцаров, Остров Ливингстон 62°37′15″S 59°54′25″W / 62.62083° S; 59.90694° W
- Врв Вихрен (Антарктик), Остров Ливингстон 62°39′35″S 60°02′14″W / 62.65972° S; 60.03722° W
Антарктик како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]
- „Антарктик почнува овде“ (Antarctica Starts Here) - песна на американскиот рок-музичар Џон Кејл (John Cale) од 1973 година.[3]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Јужен Пол
- Јужен Океан
- Животни во Антарктикот - Пингвини, Фоки, Морски лавови, Китови
- Мраз, Санта мраз, Ледник
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ United States Central Intelligence Agency (2011). „Antarctica“. The World Factbook. Government of the United States. Посетено на 14 September 2017.
- ↑ „Бугарите“ Гоце Делчев и Цар Самуил на Антарктикот. Фокус, 11 февруари 2016.
- ↑ YouTube, John Cale: Paris 1919 (Full Album) (пристапено на 13.2.2018)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- 70South
- Antarctic Treaty Secretariat
- ANetStation
- The Antarctic Digital Database - a source of digital topographic map data for Antarctica
- Argentine Antarctic history
- Australian Antarctic Division
- British Antarctic Survey
- Council of Managers of National Antarctic Programs (COMNAP), official homepage.
- German Antarctic Ships and Stations
- Portals on the World - Antarctica from the Library of Congress
- The Russian State Museum of Arctic and Antarctic
- The Scientific Committee for Antarctic Research - coordinating body for Antarctic Science
- Antarctic Research Stations
- The World Factbook – Antarctica from the U.S. Central Intelligence Agency
- Latest Antarctic news and information by 70South
- Biodiversity at Ardley Island, South Shetland archipelago, Antarctica
- Antarctic Place-names Commission of Bulgaria
- Меѓународен регистар на антарктичките имиња (на англиски)
|
|
|