Коутсова Земја

Координати: 77°00′S 27°30′W / 77.000° ЈГШ; 27.500° ЗГД / -77.000; -27.500
Од Википедија — слободната енциклопедија
Коутсова Земја во рамките на Антарктик
Коутсова Земја
Местоположба на Антарктикот
Брегот на Коутсовата Земја сликан во јануари 1915 г.

Коутсова Земја (англиски: Coats Land) — област на Антарктикот која се наоѓа западно од Земјата на Кралицата Мод и го образува источниот брег на Веделовото Море. Се протега во правец североисток–југозапад, помеѓу 20°00′ ЗГД и 36°00′ ЗГД. Нејзиниот североисточен дел е откриен со бродот „Скоша“ на Вилијам Спирс Брус, предводникот на Шкотскаta национална антарктичка експедиција (1902-1904 г.) Тој и го дал името во чест на Џејмс Коутс и мајорот Ендрју Коутс, двајцата главни поддржувачи на експедицијата.[1]

Истражувачки станици[уреди | уреди извор]

  1. база Белграно II (Аргентина)

Правополагачи на Коутсовата Земја[уреди | уреди извор]

На источниот дел на Коутсовата Земја полага право Норвешка и сочинува дел од Земјата на Кралицата Мод. На средишниот дел полага право Велика Британија и сочинува дел од Британската Антарктичка Територија, додека пак на западниот дел полага право Аргентина и тој е дел од Аргентински Антарктик.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коутсова Земја — Информативен систем за географски имиња (GNIS) на Геолошкиот топографски институт на САД (англиски)
  2. „Coats Land | region, Antarctica“. Encyclopedia Britannica (англиски). Посетено на 21 мај 2020.

77°00′S 27°30′W / 77.000° ЈГШ; 27.500° ЗГД / -77.000; -27.500