Елсвортова Земја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Елсвортовата Земја на карта на Антарктикот

Елсвортова Земја (англиски: Ellsworth Land) — дел од Антарктикот кој се граничи со Земјата на Мери Берд на запад, Белингсхаузеновото Море на север, основата на Антарктичкиот Полуостров на североисток и западниот раб на Филхнер–Ронеовиот Леден Гребен на исток.[1] Се протага помеѓу 103°24' ЗГД и 79°45' ЗГД. Подрачјето западно од 90° ЗГД е без претендети, на подрачјето помеѓу 84° ЗГД и 90° ЗГД полага право само Чиле, а остатокот од Чиле и Обединетото Кралство како дел од Британската Антарктичка Територија. Ејтсовиот Брег се протега помеѓу 103°24' ЗГД и 89°35' ЗГД, а Брајановиот Брег помеѓу 89°35' ЗГД и 79°45' ЗГД.

Земјата се состои претежно од висока ледена висорамнина, но ги опфаќа и Елсвортовите Планини, но и некои порасеани планински групи.[1]

Елсвортовата Земја е сместена близу средиштето на територијата покриена од американскиот истражувач Линколн Елсворт кој ја прелетал во ноември–декември 1935 г. Наречена е по него од Советодавниот комитет за антарктички имиња во 1962 г. во спомен на тој историски прекуконтинентален лет од островот Данди до Росовиот Леден Гребен.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Ellsworth Land“. Информативен систем за географски називи, Геолошки топографски институт на САД. (англиски)

Координати: 75°30′S 80°00′W / 75.500° ЈГШ; 80.000° ЗГД / -75.500; -80.000