Леден гребен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Росовиот Леден Гребен одблиску
Панорама на Росовиот Леден Гребен

Леден гребен или ледена плоча — дебела ледена платформа што се образува кога еден ледник или ледена покривка ќе се растече до брегот и врз морската површина. Се среќава само во Антарктика, Гренланд и Канада. Границата помеѓу ледениот гребен што плови и мразот на копното (на карпестото тло) што се претопува во него се нарекува копнена линија. Дебелината на ледените гребени се движи од 100 до 1000 метри.

За разлика од оваа појава, морскиот мраз се образува на самата вода и е многу потенок (обично помалку од 3 м) и се јавува ширум целиот Северноледен Океан и во Јужниот Океан околу континентот Антарктика.

Ледените гребени се дополнуваат поради притисокот од копнениот мраз под дејство на гравитацијата[1] и постојано тече од копнениот дел кон гребенот. Гребените губат на маса кога, по години или децении, мразот станува доволно издаден во водата и од него се отцепува санта. Рамнотежата на масата се одржува со насобирање на снег врз горната површина и топењето што се случува во долниот дел. Се случува мразот да се насобира и на дното на гребенот.

Поради разликата во густината на водата и ледничкиот мраз, секое парче што плови е издадено само 19 над водата. Најголеми ледени гребени на светот се Росовиот и Филхнер-Ронеовиот Леден Гребен на Антарктикот.

Ледени гребени во Канада[уреди | уреди извор]

Сите ледени гребени во Канада се прикачени на островот Елсмир, северно од 82° СГШ. Денес постојат гребените Алфред Ернест, Ворд Хант, Милновиот и Смитовиот. Гребенот Меклинток се раздробил во периодот од 1963 до 1966 г., Ејсловиот во 2005, а Маракамовиот во 2008 г.

Ледени гребени на Антаркот[уреди | уреди извор]

Најголеми ледни гредебени на Антарктикот.
  Росов (472.960 км²)
  Филхнер-Ронеов (422.420 км²)
  Ејмериев (62.620 км²)
  Ларсенов (48.600 км²)
  Рисер-Ларсенов (48.180 км²)
  Фимбулски (41.060 км²)
  Шеклтонов (33.820 км²)
  Џорџ VI (23.880 км²)
  Западен (16.370 км²)
  Вилкинсов (13.680 км²)

Вкупно 44% од антарктичкиот брег има ледени гребени. Нивната вкупна површина изнесува 1.541.700 км2.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Greve, R.; Blatter, H. (2009). Dynamics of Ice Sheets and Glaciers. Springer. doi:10.1007/978-3-642-03415-2. ISBN 978-3-642-03414-5.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот 2009-09-02. Посетено на 2009-09-02.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]