Фимбулски Леден Гребен

Координати: 70°30′S 0°10′W / 70.500° ЈГШ; 0.167° ЗГД / -70.500; -0.167
Од Википедија — слободната енциклопедија
ФЛГ во рамките на Антарктик
ФЛГ
Местоположба на Фимбулскиот Леден Гребен во рамките на Антарктикот
Океанографско закотвување на гребенот, 2009 г.

Фимбулски Леден Гребен (норвешки: Fimbulisen) — леден гребен на Брегот на Принцезата Марта на Антарктикот. Има димензии од 200 × 100 км, и се напојува од ледникот Јутулстраумен, на границата со брегот на Земјата на Кралицата Мод, од 3° ЗГД до 3° ИГД.

Бил снимен со воздушна фотографија за време на Третата германска антарктичка експедиција (1938–1939), а картиран од норвешки картографи од земјомери и воздушни снимки на Норвешко-британско-шведската антарктичка експедиција (1949–1952) како и од воздушна фотографија на Норвешката експедиција (1958–1959).

Наречен е Фимбулисен, што значи „џиновски мраз“ на старонордиски.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

 Оваа статија содржи материјал во јавна сопственост од Геолошкиот топографски институт на САД (USGS) — документ: „Фимбулски Леден Гребен“ (содржини од Информативниот систем за географски имиња). (англиски)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Fimbul Ice Shelf“. Информативен систем за географски називи, Геолошки топографски институт на САД. Посетено на 22 март 2012. (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

70°30′S 0°10′W / 70.500° ЈГШ; 0.167° ЗГД / -70.500; -0.167