Брег на Принцезата Марта
Брег на Принцезата Марта (норвешки: Kronprinsesse Märtha Kyst) — дел од бреговата линија на Земјата на Кралицата Мод помеѓу 05° ИГД и Стенком-Вилсовиот Ледник (20° ЗГД). Целиот брег се граничи со ледени плочи со стрмнини високи 20-35 м.
Овој брег е првиот дел на антарктичкото копно откриен од човекот. Тоа била Првата руска антарктичка експедиција од 1820 г. предводена од Фабијан Готлиб фон Белингсхаузен и Михаил Лазарев. Сегашното име на брегот го дал капетанот Јалмар Рисер-Ларсен како назив за подрачјето близу ’ртот Норвегија, откриен од истоимениот брод и грубо искартиран во февруари 1930 г.
На 19 јануари 1939 г. Германците стасале до Брегот на Принцезата Марта во рамките на Германската антарктичка експедиција.
Наречен е во чест на норвешката принцеза Марта.
Во источниот дел се наоѓа истражувачката станица „Трол“, 235 км од брегот. Во водите кај брегот се наоѓа подводната косина Експлора.
Наводи
[уреди | уреди извор]Оваа статија содржи материјал во јавна сопственост од Геолошкиот топографски институт на САД (USGS) — документ: „Брег на Принцезата Марта“ (содржини од Информативниот систем за географски имиња). (англиски)