Јужни буки

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јужни буки
Коса јужна бука (N. obliqua)
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносемени
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Розиди
Ред: Буки
Фамилија: Јужни буки (Nothofagaceae)
Kuprian.
Род: Јужни буки (Nothofagus)
Blume
Видови

Во текстот

Лисје на коса јужна бука
Дрво од видот N. alpina

Јужните буки (науч. Nothofagus) се род од 35 видови дрва и грмушки умерената океанска до тропска клима на Јужната Полутопка - јужните делови на Јужна Америка (Чиле, Аргентина) и Австралазија (источна и југоисточна Австралија, Тасманија, Нов Зеланд, Нова Гвинеја и Нова Каледонија). Fossils have recently been found in Антарктикот[1].

Во минатото се сметало дека припаѓаат на фамилијата Буки, но денес е утврдено дека се генетски засебни и дека припаѓаат во своја сопствена фамилија Јужни буки (Nothofagaceae).

Листовите им се назабени или цели, зимзелени или листопадни. Плодот им е мал плоснат или триаголен орев, со по 2-7 орева во секое лежиште.

Разните видови јужни буки се храна за ларвите на молците од родот Aenetus, особено видовите A. eximia и A. virescens.

Многу единки на овие дрва се мошне стари, и се смета дека поради климатските промени низ вековите, јужните буки не би можеле да виреат така успешно како што вирееле тогаш.[2]

Таскономија[уреди]

Во родот спаѓаат следниве отсеци:[3]

Отс. Brassospora (тип Nothofagus brassi)
Отс. Fuscospora (тип Nothofagus fusca)
Отс. Lophozonia (тип Nothofagus menziesii)
Отс. Nothofagus (тип Nothofagus antarctica)

Ареал[уреди]

Ареалот околу јужниот Пацифички обрач укажува на тоа дека распространувањето на родот датира од времето кога Антарктикот, Австралија и Јужна Америка биле поврзани во една голема копнена површина (суперконтинент) наречена Гондвана. [4]

Во Јужна Америка ареалот се протега на север сè до националниот парк Ла Кампана и планините Вискачас во средишниот дел на Чиле.[5]

Наводи[уреди]

  1. H.M. Li and Z.K. Zhou {2007) Fossil nothofagaceous leaves from the Eocene of western Antarctica and their bearing on the origin, dispersal and systematics of Nothofagus. Science in China. 50(10): 1525-1535.
  2. J. W. Dawson (1966) Observations on Nothofagus in Нова Каледонија, Tuatara: Том 14, Број 1, април 1966
  3. Страница за Јужните буки (француски)
  4. Native Forest Network (2003) Gondwana Forest Sanctuary
  5. C. Michael Hogan (2008) Chilean Wine Palm: Jubaea chilensis, GlobalTwitcher.com, уред. Nicklas Stromberg