Албатрос

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Албатрос
Албатрос во лет (Thalassarche melanophris)
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Procellariiformes
Фамилија: Diomedeidae
Распространетост (сина боја)

Албатрос e птицa што живее во субполарните води на Антарктикот, иако може да се сретне и во умерените, па и во тропските мориња.

Опис[уреди]

Неговото тело е покриено со бели пердуви, а со сивкасти пердуви на главата и вратот. Долгата горна површина на долгите и меки крилја, како и на кусата опашка, е темно кафеава, речиси црна. Преку очите, кон назад, има тенка темна линија. Возрасните птици имаат розово-жолт клун. Долната страна од крилјата исто така е темнa на рабовите.

Младите птици имаат сива боја на главата и вратот, и темен клун. На кратките нозе, помеѓу прстите имаат тенка кожичка што им помага при пливањето.

Телото на албатросот е долго околу еден метар, а распонот на крилјата достигнува два и пол метри. Најголемиот албатрос, албатросот скитник има распон на крилјата од три и пол метри. Тежината му се движи меѓу 8 и 12 кг.[1] Тој е еден од најдобрите летачи на океанот, кој најголемиот дел од животот го поминува летајќи над студените субполарни океани на јужната хемисфера. Понекогаш долетува и до европските брегови.

Исхрана[уреди]

Се храни со морски риби и мекотелни животни.

Размножување[уреди]

Се гнезди на пусти острови во големи колонии, каде во неугледни гнезда одгледува само едно младо. На копното доаѓа само кога се гнезди. Целиот живот го поминува со иста женка.

Просечниот животен век на еден албатрос е 80-85 години.[2] Кога еднаш ќе го напуштат гнездото можат во него да не се вратат и по 7 до 10 години.

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Albatross (Wandering) (анг.)
  2. Wildlife of Antartica (анг.)