Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 144.647 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица

Одржлива енергијаенергија произведена и искористена на таков начин што „ги задоволува денешните потреби, без да ја наруши способноста на идните генерации да ги задоволат своите потреби“. Поимот „одржлива енергија“ често се користи обострано со терминот обновлива енергија. Општо земено, обновливите извори на енергија, како што се сончевата, ветерната и хидроелектричната енергија, се сметаат за одржливи. Сепак, одредени проекти за обновлива енергија, како што е расчистување на шумите за производство на биогорива, може да доведе до слична или полоша штета кон животната средина, во споредба со употребата на енергија од фосилните горива. Јадрената енергија е безбеден извор на незагадувачка енергија, но нејзината одржливост е предмет на расправа поради производството на јадрен отпад и ограничените извори на ураниум.

Енергетското преминување за исполнување на светските потреби за електрична енергија, греење, ладење и енергија за превоз на одржлив начин се смета за еден од најголемите предизвици со кои се соочува човештвото во XXI век. На светско ниво, скоро милијарда луѓе немаат пристап до електрична енергија, а околу 3 милијарди луѓе се потпираат на горива што испуштаат многу чад како дрво, јаглен или животински измет за готвење храна. Овие и фосилните горива се најголем придонесувач за загадувањето на воздухот, што предизвикува околу 7 милиони смртни случаи годишно. Производството и потрошувачката на енергија емитува над 70% од емисиите на стакленички гасови предизвикани од човекот. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Поглед на Ваденското Море од Вирум, Североисточна Фризија.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Антипапата Климент VII
Антипапата Климент VII
На денешен ден…

Денес е 10 јуни 2024 г.

Настани:

1786  Во покраината Сечуан во Кина, попуштила природната брана на реката Даду создадена од земјотрес десет дена порано, по што во поплавите настрадале околу 100.000 луѓе.
1793  Паркот на растенијата (Jardin des Plantes) е отворен во Париз, а по една година станал и првата јавна зоолошка градина во светот.
1940  Втора светска војна: Италија им објавила војна на Франција и Обединетото Кралство, а Франклин Рузвелт го осудил овој чин како „нож во грбот“ од Италија.
1940  Втора светска војна: Канада ѝ објавила војна на Италија, поради претходната објава на војна на Обединетото Кралство од страна на Италија.
1940  Втора светска војна: германските сили под команда на Ервин Ромел стигнале до каналот Ламанш.
1941  Втора светска војна: Авионот на заменикот на Хитлер, Рудолф Хес се урнал во Шкотска во мисија за преговори за окончување на војната со Британија. Бил уапсен, осуден во Нирнбершките процеси, и останал во затвор до 1987 г. кога наводно се самоубил на 93-годишна возраст.
1942  НОВ: Почнала Битката на Козара, дел од повоената митологија на СФРЈ, помеѓу краишките партизани и германските војски помогнати од Усташите. Во битката, која траела до 18 јули 1942 година, загинале околу 2200 краишки партизани, а во логори биле однесени голем број цивили.
1943  Дирекцијата на бугарската полиција во Софија им наредила на обласните началници на полицијата строго сроведување на наредбата на Владата за конфискација на целиот имот на партизаните и нивните семејства, како и на поддржувачите на партизаните во Македонија.
1967  Шестдневната војна завршила со прекинот на огнот помеѓу Израел и Сирија.

Родени:

1819  Гистав Курбе — француски сликар.
1887  Владимир Смирнов — руски математичар.
1912  Ванчо Николески — македонски писател.
1915  Сол Белоу — канадско-американски писател, нобеловец и пулицеровец.
1921  Принц Филип — војвода од Единбург и сопруг на кралицата Елизабета II.
1921  Иван Кожариќ — хрватски вајар.
1922  Џуди Гарланд — американска глумица и пејачка.
1927  Ладислав Кубала — унгарски фудбалер.
1928  Морис Сендак — американски писател за деца и илустратор.
1932  Љупка Апостолова — македонски изведувач.
1952  Пенг Бо — кинески кану-спринтер.
1956  Зоран Шапуриќ — македонски политичар и публицист.
1959  Карло Анчелоти — италијански фудбалер и тренер.
1961  Ким Дил — американска рок-музичарка, членка на групата „Пиксис“.
1965  Елизабет Харлибританска глумица, модел и кинематографски продуцент.
1966  Дејвид Плат — англиски фудбалер.
1972  Радмила Шекеринска Јанковска — македонски политичар.
1979  Светлана Захароваруска балерина.
1980  Александра Пилева — македонска пејачка.
1981  Александар Липатов — руски слалом-кајакар.
1985  Василис Торосидис — грчки фудбалер.
1999  Рафаел Леао — португалски фудбалер.

Починале:

323 п.н.е.  Александар III Македонскикрал на Македонија, еден од најголемите војсководци и освојувачи на сите времиња.
1836  Андре Мари Ампер — француски физичар и математичар.
1912  Антон Ашкерц — словенечки поет, претставник на реализмот во словенечката литература.
1926  Антони Гауди — каталонски архитект.
1940  Маркус Гарвијамајски политички активист.
1967  Спенсер Трејси — американски филмски глумец.
1982  Рајнер Вернер Фасбиндер — германски режисер.
1985  Стефан Русјаков — еден од основоположниците на македонската опера и учесник во првата опера изведена на македонски јазик - „Кавалерија Рустикана“ од Пјетро Маскањи.
1988  Неџати Зекерија — македонски детски писател од турска националност.
1991  Веркор — француски писател.
2004  Реј Чарлс — американски музичар.
2008  Чингиз Ајтматов — киргиски и советски писател.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич