Стефан Русјаков

Од Википедија — слободната енциклопедија

Стефан Русјаков (Скопје, 7 мај 1916 - Скопје, 10 јуни 1985) — македонски оперски певец, баритон, еден од основоположниците на македонската опера и учесник во првата опера изведена на македонски јазик - „Кавалерија Рустикана“ од Пјетро Маскањи на 9 мај 1947 год. Во МНТ работел од 1947 до 1954 г. Тој е носител на баритонскиот фах во почетните години на Операта. Позначајни улоги: Гроф Луна (Трубадур), Алберт (Вертер), Млинар Симо (Еро од оној свет). Како дипломиран правник, по напуштањето на Операта се посветува на правничката професија[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Стефан Русјаков“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1288. Text "series " ignored (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]